Николовска: Треба да ги пријавуваме оние кои ги прекршуваат правата на пациентите

Интервју со Симона Николовска, генерален секретар во Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА).

Што ѝ е во фокус на работењето на Македонската медицинска студентска асоцијација?

– Асоцијацијата е најстарата медицинска студентска организација во Македонија: постои 72 години колку што постои и Медицинскиот факултет во Скопје. ММСА ги обединува сите студенти по медицина низ целата држава и брои повеќе од 4000 членови, а преку своите 7 одбори работи на најразлични цели. Повеќе »

Д-р Андоновски: Откако му го спасивме животот, секојпат се расплакуваше од благодарност

Од кога почнавте да работите во општина Шуто Оризари?  Колку вработени имате денес, колку пациенти?

Со работа во Приватна здравствена установа  започнав пред 17 години, во далечната 2002 година како прв вработен лекар, а со текот на годините прераснавме во поголем колектив кој опфаќа  повеќе гранки од медицинската дејност: општа медицина, стоматологија, кабинет по интерна медицина и лабораторија. За здравјето и психо-физичката благосостојба на околу 9000 прикрепени матични пациенти на општа медицина и околу 7000 пациенти на стоматологија се грижи персонал од 10 лекари, меѓу кои има стоматолози, биолог, медицински сестри и техничари и помошен персонал, специјалист по интерна медицина и Семејна медицина. Повеќе »

ХЕРА: ПРАВОТО НА ЗДРАВЈЕ МОРА ДА БИДЕ СТВАРНОСТ ЗА СИТЕ

Негативните стереотипи и предрасуди генерално во македонското општество создаваат простор за маргинализација на одредени групи кои поради социоекономскиот статус остануваат на работ на егзистенцијата. Во делот на здравството, од ХЕРА потенцираат дека прават обиди за менување на наративите кај здраствените работници кон маргинализираните групи обидувајќи се да ги надминат постоечките наративи кај двете страни. Повеќе »

Ајџан Маликоска: Ќе бидам докторка која нема да дискриминира

Чекав во ходникот, пред ординацијата на мојот матичен лекар и како да знаев дека тој ден ќе го паметам цел живот. Покрај мене имаше уште едно ромско семејство, со мало дете кое имаше покачена телесна температура. Ми беше јасно дека животот не ги галел, а освен болното дете, беа присутни и неговите братчиња на чии лица забележав изнемоштеност и страв. Повеќе »

Актуелно

Нема квалитетна здравствената услуга без квалитетна комуникација

На ден 13.5.2019 година (понеделник), во просториите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа  третата форум-театарска претстава насловена „Дали факултетот вака нè учи?” во рамки на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи” што го спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија. Повеќе »