Вистинска сторија: Без поддршката од моите родители никогаш немаше да успеам

Џејлан Камбери[1] е 25 годишна мајка на 2 малолетни деца од кои едното има една  година, а второто дете – три години. Џејлан е невработена и има завршено основно образование. Таа живее заедно со своите две деца и родителите на нејзиниот сопруг. Веста за бременоста ја добива непосредно откако нејзиниот сопруг ненадејно ја напушта и заминува во странство.

Џејлан веднаш го известува сопругот, но тој ја негира врската со неа и воопшто не сака да ја прифати бременоста. По несогласувањата со сопругот, без каква било поддршка од него, таа со нивните две деца заминува кај нејзините родители.  Сиромашна и сама, и покрај желбата да има уште едно дете, таа не се осмелува да ја продолжи бременоста. Целата финансиска грижа за двете деца кои ги има, паѓаат на товар на нејзините родители. Дополнително, нарушените односи со сопругот кој не ја поддржува во одлуката, за неа се големо обесхрабрување.

Џејлан одлучува да абортира. Откако дознава колку чини прекинувањето на бременоста, таа почнува да размислува и за други опции за кои слушала од жени кои имале слични искуства. Сепак, нејзините родители се одлучни – дека доколку реши да ја прекине бременоста, тоа треба да го направи во соодветна медицинска установа. Сите трошоци поврзани со абортусот ги покриваат нејзините родители од кои добива најмногу поддршка да продолжи понатаму. Без нив, Џејлан не би успеала да ја реализира својата намера и безбедно да ја прекине бременоста.

По одредено време, таа се запишува на курс за шиење, по што и се вработува, а на тој начин придонесува  за своите две деца да растат во здрава и сигурна средина.

[1] Името кое се споменува е измислено. Сите останати податоци се точни и потекнуваат од вистинска приказна.

За авторката:
Бежика Асан, Иницијатива на жени од Шуто Оризари

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »