Нема квалитетна здравствената услуга без квалитетна комуникација

На ден 13.5.2019 година (понеделник), во просториите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа  третата форум-театарска претстава насловена „Дали факултетот вака нè учи?” во рамки на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи” што го спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија. Повеќе »

Актуелно

Без разлика на условите за живот, на доктор мора да се оди

Фустанче подарено од луѓе чии деца не го носат. „Не ново но е чисто, го исправ за кај доктор Снеже биде чисто детето“, раскажува Фатмира. Во овој дел од населбата Шуто Оризари граѓаните немаат вода, земаат од кај соседите, а многу често немаат ниту за перење ниту за бањање.

За Фатмира најголема среќа е што по цели три децении живот, таа пред четри години добила матичен број, а најмалото од четирите деца треба деновиве да добие извод.  Многу значи што има разбирање кај докторите и детето кога и да има здравствен проблем го прегледуваат. Малата Хасрет со мајка и заминаа во здравствениот дом. Патот прашлив, под силното сонце уште потежок. Пеш имаат десетина минути.

Видео прилогот е изработен во рамки на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.