Д-р Гоце од Брза помош – Делчево во битка со времето за спасување на животите на две деца

Во октомври 2015 година во Итната медицинска помош во Делчево амбулантски беше донесено 7 годишно дете од ромска етничка припадност.  Од анамнезата рекоа дека пиело таблети што ги нашло играјќи си на улица и помислило дека се бонбони. Лицата кои го придружуваа детето ја носеа кутијата од лекот, од која можеше да се види дека станува збор за седативи, меѓутоа не можеа да дадат податок колку точно апчиња испило. Во тој момент, што никогаш дотогаш не ми било пракса, се сетив да ги проверам џебовите на детето, каде извадив лента од таблетите Верапамил 80 и тогаш веќе почна и борбата за живот на детето. Веднаш почнавме со укажување на здравствена заштита, направивме лаважа и тоа неколку пати сѐдо целосно промивање на желудникот. После тоа почнавме со давање на антидотска терапија односно медицински јаглен, витаминска терапија, гликоза и останата симптоматска терапија.

Повеќе »

Улогата на Центарот за социјална работа во надминување на проблемите на ромското население од Тетово

Центрите за социјална работа во Република Македонија се предуслов за унифицирано стандардно постапување во реализирањето на постапките кои се однесуваат на социјалната заштита, при давање на услуги кон разни видови корисници. Ромското население во Тетово е дел од корисниците кои се соочуваат со најразлични проблеми и центарот изнаоѓа начин за нивното решавање.

Повеќе »

Добрите практики на НВО КХАМ – Делчево пристигнаа во Романија

Остварувањето на правото нa здравје е основно човеково право. Да се биде здрав значи семејството да се чувствува добро и со себе да се носи позитивна енергија. Оваа енергија преточена во безброј видеа репортажи и стории презентирани преку социјалните медиуми го привлече вниманието на граѓанскиот сектор во Романија. Токму заради тоа невладината организација „О Дел Аменца“ ја покани КХАМ од Делчево од 12-14 мај да биде нивни гостин во Букурешт. Целта на посетата беше да ги пренесеме нашите искуства во делот на нудење параправна помош и комуникацијата со здравствените професионалци. Нѐ пречека тимот на организаторите, кои едвај чекаа да дознаат како директно ја помагаме ромската заедница да биде охрабрена и зајакната да си ги бара своите права, без да ја наруши комуникацијата со здравствените институции. Повеќе »

Почитувањето на здравствените права – предуслов за уживање на останатите човекови права

Здравјето е основно човеково право кое е неопходно за уживање на останатите човекови права. Секое човечко суштество има право на уживање на највисокиот достапен стандард на здравје, кој придонесува кон достоинствен живот.

Задолжителното здравствено осигурување е воспоставено со цел да се обезбеди социјална сигурност на граѓаните во случај на болест или повреда. За да може да се користат зравствените услуги кои ги нуди државата, пациентот треба да биде здравствено осигуран. Ако немате здравствено осигурување, здравствените услуги се плаќаат во целост.

Повеќе »

Го јакнам својот дух преку давање лекарска помош на терен кога другите не можат

Јас сум Аријета Тахири од Гостивар. Студентка сум на Општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Како припадничка на ромската етничка заедница, една од посилните причини поради кои решив да продолжам да студирам медицина беше една непријатна ситуација во Клиничкиот центар на која бев сведок како волонтерка. Стануваше збор за прекршување на моралната етика и дискриминација кон пациентка Ромка од страна на докторот на едно од одделенијата во болницата. Докторот со омаловажување зборуваше за нејзината претходна психичка нестабилна состојба и како сега повторно истата има здравствени проблеми.

Повеќе »

Закон за заштита на децата: Родителски додаток за трето дете

Децата се наше најголемо богатство, наше наследство, наша иднина и се носители на мирот, љубовта и хармонијата во денешното современо живеење. Децата треба да се почитуваат како личности и да се помогне во нивниот развој, напредок како и да им се овозможи среќно и безгрижно детство. Секој поединец, семејство, држава треба да ги почитува правата на децата и да ги унапредува. Единствено нешто кое е заедничко за сите деца се нивните права. Според Декларацијата за правата на детето на ОН, секое дете треба да му биде загарантирано правото на живот, здравје, образование и игра, како и право на семеен живот, заштита од насилство и дискриминација и право на свое мислење.

Повеќе »

Сакам да станам гинеколог за да го решам најголемиот проблем на Ромките во мојата заедница

Јас сум Касандра Абдула. Имам 19 години и со моето семејство живеам во Шуто Оризари. По завршувањето на основното училиште, како и секој млад човек требаше да одлучам како понатаму да го продолжам моето образование. Медицината отсекогаш била мојата желба и токму затоа одлучив да се запишам во средното медицинско училиште. Сметав дека покрај тоа што би се вработила, во исто време би била корисна и од големо значење за мојата заедница. Средното медицинско училиште го запишав со идеја и очекување дека ќе има потреба од мое вработување како Ромка во некоја здравствена установа.

Повеќе »

Стрип „Приказни од амбулантата“ #10

Со 10-от стрип доаѓаме до крајот на приказната на Анифе и д-р Здравко. Во изминатите неколку месеци низ илустрации беше прикажан почетокот и текот на едно несекојдневно пријателство од амбулантата. Меѓутоа, искрено веруваме дека односот и комуникацијата која ја имаа Анифе и д-р Здравко навистина постои во некоја од нашите здравствени установи. Анифе и д-р Здравко ве поздравуваат до некоја наредна средба!

Зацртана цел – реализиран сон

Сали Мемед од 2015-та година почнал да го остварува својот сон и преку претприемнички грант за самовработување го отворил веб порталот 24 Вакти на кој најголем простор им отстапува на проблемите со кои се соочува ромската популација. А, нив вели ги има многу!

Здравствената заштита како основа за намалување на сиромаштијата

Во време кога сиромаштијата и невработеноста ги мачат нашите граѓани неопходно е да се посветиме на креирање политики кои ќе бидат инклузивни и интегрирани, за да може да дадат соодветни резултати. Сведоци сме на донесување на многу мерки кои се насочени кон надминување на овие проблеми, а сепак, се покажува дека не е доволно само да се отвори работно место и да се очекува дека едно невработено лице лесно ќе влезе и остане на него. Исто така, се покажува дека тоа е уште потешко ако станува збор за лице во социјален ризик или доаѓа од маргинализирана заедница, вклучително и Ромската. Повеќе »

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »