Врсничката едукација гарантира поголема информираност и едуцираност кај младите Роми
Светската здравствена организација го дефинира здрвјето како состојба на комплетна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само како отсуство на болест.
Сексуално преносливите инфекции најчесто се предизвикани од: бактерии, вируси или паразити.
Најчести сексуално преносливи инфекции се: ХИВ, сифилис, појава на генитални брадавички, гонореја и хламидија. Најголем дел од овие инфекции можат да се спречат преку користење на соодветен тип на контрацепција (кондоми, спермициди, пилули и слично).
Сексуалното и репродуктивното здравје се од посебен интерес за ромската заедница, поради долгогодишниот ограничен пристап за добивање на здравствени услуги од оваа област, особено во Шуто Оризари, недоволната сензибилизација за сексуално и репродуктивно здравје и планирање на семејство.
Според теренските наоди, најчесто, младите девојки Ромки не посетуваат гинеколог сè до првата бременост, поради ниската информираност за важноста од редовни прегледи, дури и да сè во форма на советување, ехо преглед или лабораториски тестови.
Од друга страна, од важен аспект сè и културолошките гледишта на ромската заедница, религиозните ставови, појавата на малолетничките бракови, родовата дискриминација и недоволната општествена отвореност за дебатирање на тема – сексуално и репродуктивно здравје и права, која уште повеќе воведува во развој на популација со висок ризик за сексуално преносливи инфекции.
,,Феноменот на срам’’ кај младите Роми, особено кај девојчињата за барање на пристап до информација во врска со репродуктивното здравје или набавување на контрацептивни средства (на пр. кондоми) сè уште постои.
Очигледна е потреба од поинтензивно користење на алатките за сензибилизација во промоција на сексуално и репродуктивно здравје, користење на контрацепција за заштита од СПИ и несакана бременост (врсничка, пиер едукација) со цел подигање на јавната свест и воведување на неформално сексуално образование ориентирано кон елиминирање на табуата.
За унапредување на актуелната состојба во ромската заедница потребно е да се подобри пристапот до информации во контекст на сексуално и репродуктивно здравје и права, да се зајакне статусот на ромските девојчиња за обезбедување на родова еднаквост и право на избор при донесување на одлуки за сопственото сексуално и репродуктивно здравје.
Авторка на статијата:
Сабина Љатиф