Карта со оценка од заедницата #4
Картата со оценка на заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата кај жените Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето.
Таа претставува една од алатките за мониторинг од заедницата и има за цел жените Ромки од општината активно да се вклучат во следење и оценување на пристапот и квалитетот на услугите во текот на бременоста и по породувањето.
Истражувањето е концепирано преку две стратегии, односно зајакнување на жените преку нивна мобилизација во активностите на истражувањето и следење на квалитетот и достапноста на услугите.
Издавач: Х.Е.Р.А.
Година на издавање: 2016
Преземи ја публикацијата тука