Аријета, Елма и Рахман се млади здравствени работници Роми, кои својата пракса ја стекнуваат преку волонтерско ангажирање во Здравственото советувалиште во НВО Сонце – Гостивар, а под менторство на д-р Ариф Пини. Кои услуги се нудат во ова советувалиште и кои активности се преземаат во насока на унапредување на здравјето на Ромите во Гостивар, погледнете во видеото >>
На 8, 9 и 10 април 2017 год. театарските сцени во Скопје, Делчево и Тетово беа претворени во големи чекални во кои проблемите со кои се соочуваат Ромите како пациенти во здравствениот систем, заеднички со публиката се обидувавме да ги решиме преку дискусија и актерска игра на сцена. Целта на форум театарот „Приказни од чекалната“ беше да се поттикне проактивноста кај граѓаните односно како од пасивни набљудувачи во секојдневниот живот да нè претвори во проактивни луѓе, кои ќе ја менуваат средината.
Настанот во Скопје, покрај премиерата на форум театарот, вклучуваше излагања на проф. д-р Елена Ќосевска (специјалист по социјална медицина), Љатифа Шиковска (активистка) и Марија Стефанова (психолог), како и проекција на кратки видеа кои се изработуваа во текот на проектот.
Како изгледа животот на еден собирач на пластични шишиња? Со какви здравствени опасности се соочува тој? За што сонува и кои се неговите желби? Погледнете од приказната на Себастијан…
Додека светот оди со незапирлив чекор напред, дел од граѓаните во земјава сѐ уште живеат без елементарни здравствени и социјални услуги. Граѓанските организации се единствената алатка за пристап до институциите и единствената искра надеж во која гледаат можност за решавање на проблемите. А, нив ги има многу.
Подобрување на комуникациските вештини кај здравствените работници од аспект на културолошките карактеристики на пациентите беше главната цел на работилниците кои ХЕРА, КХАМ и Сонце во соработка со Центарот за семејна медицина ги спроведоа во Скопје (18.02.2017) и Делчево (05.03.2017).
Со какви проблеми се соочува малата Фатмана која 9 години живее во Шуто Оризари, а во државата не постои бидејќи нема матичен број? Зошто нејзиното здравје е доведено во прашање? И што е она што мора да се превземе за решавање на нејзиниот проблем кој го споделуваат над 800 луѓе од Шуто Оризари? Погледнете во видеото >>
„Од родниот Прилеп заминав со еден куфер, моите не се ни посомневаа дека се спакував на подолго. Се сеќавам само дека пред да заминам мајка ми ми рече: Дете каде? А јас одговорив, да го реализирам својот сон“ – вака ја почнува својата успешна приказна новинарот Сунаи Сабриоски.
Ви ја претставуваме успешната животна приказна на Бајса Арифовска. Таа е мултиинструменталист, свири на зурла, кавал, тапан, тарабука, кларинет, виолина, тамбура. Арифовска работела како професорка во скопското музичко улилиште „Илија Николовски Луј“, а денес е дел од оркестарот во Националниот ансамбл „Танец“, со кој патува низ светот и ја шири македонската традиционална музика, која вели е нејзин сон и реалност.
„Ако сакате ништо да не работите, вљубете се во она што го работите” – вели една стара мудра мисла. А, дека во неа се крие најголемата животна вистина ни потврдуваат тројцата соговорници пред сè успешни Роми кои секој на свој начин успеал да го реализира својот животен сон.
Во првото видео од овој серијал, погледнете ја успешната животна приказна на Васка Бајрамовска Мустафа, Заменик народен правобранител, една од плејадата успешни жени Ромки, која милува да каже дека во животот нема лесен пат, а целиот напор се исплати само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле.
Новинарите истражуваат дали има дискриминација од страна на здравствените работници кон Ромите како пациенти и што е она што треба да се преземе за подобри практики во здравството. Свои препораки и одговори на овие прашања ни дава проф. д-р Елизабета Зисовска, директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.
Санела Емин е една од малкуте дипломирани актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »