Здравје на Роми во Македонија – Работилници

Кои активности се преземаат во процесот на менување на наративи за Ромите во здравствениот систем во Македонија и сензибилизирање на здравствените работници, погледни во видеото подолу >>

Бариери во пристапот до здравствена заштита на Ромите

Погледнете го сведоштвото на Рамизе и предизвиците со кои таа се соочува при користењето на услугите од Брзата помош.

Видеото освои прво место за најдобро реализирана кампања на филмскиот феситвал во склоп на конфренцијата на EUPHA во Милано и беше дел од електронската петиција со која се успеа да се донесе официјален ценовник на услуги.

Менување на негативните наративи за ромите во здравствените институции

За важноста на хуманиот пристап на докторите и градењето на довербата помеѓу двете страни ни зборува д-р Виолета Арсова, пензиониран Педијатар од Делчево.

Исто така, ромската заедница сведочи за искуствата и добрите практики од одредени доктори и во исто време апелира токму овие доктори да придонесат во сензибилизацијата на своите колеги со што би се зголемил бројот на позитивни примери.

Форум театар „Пробај ги моите чевли“

Како може да се придонесе во промена на наративите кај здравствените работници спрема пациентите Роми? Форум театарот е една од алатките со која на креативен начин, со учество и на пациентите и на здравствените работници, одиграни од главно аматерска актерска екипа,  може да се подобри комуникацијата и нивото на соработка меѓу докторите и Ромите.

Целта на форум театарот „Пробај ги моите чевли“, кој е се одигра на 9 и 10 декември 2015 год. во Скопје и Куманово, беше преку развивање на вештини и запознавање со културата и традицијата на населението, кај докторите да се развие прилагодувањето кон културните навики на пациентите.

Погледнете го видеото и дознајте повеќе за форум театарот и за проектот.

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »