ВИДЕО: Дали факултетот вака нè учи (прв дел)

Во изминативе месеци во Скопје, Штип и Битола се одржаа три форум-театарски претстави насловени  „Дали факултетот вака нè учи?”. Во продолжение следува првото видео.

Форум-театар (прв дел)

Ви ја прикажуваме атмосферата од форум-театарските претстави во Скопје, Штип и Битола (прв дел)

Gepostet von Нови приказни од амбулантата am Montag, 15. Juli 2019

Вистинска сторија: Се изложив на неприфаќање и срам, но сепак бев одлучна

Силвана Сали има 40 години[1]. Нејзиниот животен пат воопшто не бил лесен, таа е трета ќерка, израсната во скромно семејство. Потребата да ѝ помага на својата мајка во извршувањето на домашните обврски, како и финансиските потешкотии со кои се соочувало нејзиното семејство биле причините поради коишто Силвана не успеала да го заврши ниту основното образование. Повеќе »

Николовска: Треба да ги пријавуваме оние кои ги прекршуваат правата на пациентите

Интервју со Симона Николовска, генерален секретар во Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА).

Што ѝ е во фокус на работењето на Македонската медицинска студентска асоцијација?

– Асоцијацијата е најстарата медицинска студентска организација во Македонија: постои 72 години колку што постои и Медицинскиот факултет во Скопје. ММСА ги обединува сите студенти по медицина низ целата држава и брои повеќе од 4000 членови, а преку своите 7 одбори работи на најразлични цели. Повеќе »

Нема квалитетна здравствената услуга без квалитетна комуникација

На ден 13.5.2019 година (понеделник), во просториите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа  третата форум-театарска претстава насловена „Дали факултетот вака нè учи?” во рамки на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи” што го спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија. Повеќе »

Д-р Андоновски: Откако му го спасивме животот, секојпат се расплакуваше од благодарност

Од кога почнавте да работите во општина Шуто Оризари?  Колку вработени имате денес, колку пациенти?

Со работа во Приватна здравствена установа  започнав пред 17 години, во далечната 2002 година како прв вработен лекар, а со текот на годините прераснавме во поголем колектив кој опфаќа  повеќе гранки од медицинската дејност: општа медицина, стоматологија, кабинет по интерна медицина и лабораторија. За здравјето и психо-физичката благосостојба на околу 9000 прикрепени матични пациенти на општа медицина и околу 7000 пациенти на стоматологија се грижи персонал од 10 лекари, меѓу кои има стоматолози, биолог, медицински сестри и техничари и помошен персонал, специјалист по интерна медицина и Семејна медицина. Повеќе »

Ајџан Маликоска: Ќе бидам докторка која нема да дискриминира

Чекав во ходникот, пред ординацијата на мојот матичен лекар и како да знаев дека тој ден ќе го паметам цел живот. Покрај мене имаше уште едно ромско семејство, со мало дете кое имаше покачена телесна температура. Ми беше јасно дека животот не ги галел, а освен болното дете, беа присутни и неговите братчиња на чии лица забележав изнемоштеност и страв. Повеќе »

Возило за брза помош само ако имаш пари, ако не, не можеме да дојдеме!

„Е.Д. има 42 години, Ром е и живее во Штип. Неговата социо-економска состојба е навистина тешка. Невработен е, не користи социјална парична помош и секојдневно бара различни начини за да заработи за да обезбеди храна и греење. Живее со својот татко кој има 64 години и е во тешка здравствена состојба поради што му е неопходен целодневен надзор и лекување. Повеќе »

Дали сите треба да знаеме латински за да преживееме?

Што се случува доколку се упатиме некаде за да добиеме повеќе информации, но не ја разбираме терминологијата на различни поединци и групи, по што имаме нејаснотии и недоумици? Ова е секојдневие во нашата држава. Честопати луѓето шетаат како „муви без глава“ бидејќи постои јазична пречка којашто предизвикува низа проблеми. Овој проблем е особено изразен во здравствените установи, каде што неретко настанува вистински хаос и шетање по ходници, чекалници и ординации, додека на пациентите им се утврди дијагнозата, која впрочем и кога ќе ја добијат, често самите тие не можат да ја прочитаат ниту разберат. Повеќе »

Пациентите се целосни личности, а не болни тела

Здравствениот систем е еден од најкомплексните системи во една држава. И покрај тоа што кај нас се вложуваат напори за да стане компатибилен со здравствениот систем на ЕУ, сепак, во голем број случаи тој потфрла во задоволување на потребите на пациентите. Македонскиот здравствен систем е навидум еднакво достапен за сите граѓани на оваа држава, а сепак голем број маргинализирани групи секојдневно се соочуваат со дискриминација. Eдни од клучните обележја на функционално здравство се транспарентноста и еднаквиот третман кон сите пациенти, без разлика на нивните лични карактеристики. За жал, кај нас тој третман сèуште не е во целост постигнат. Повеќе »

Сруши го ѕидот

Ви ја претставуваме третата форум-театарска претстава на ХЕРА „Сруши го ѕидот“ преку која, повторно, надвор од ординациите и амбулантите, ги споивме на едно место здравствените работници и Ромите.
Оваа година, претставата ја организиравме заедно со нашите партнерски организации Амбрела, КХАМ и Баирска светлина.

Голема благодарност до тимот: Игор Ивковиќ, Александар Самарџиев, Емра Куртишова, Огнен Велевски, Орнела Гани, Елена Ѓорѓевска, Кенан Таир и Благица Стоименова и Марко Новески.

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »