Не можат да примаат социјална помош затоа што се приматели на родителски додаток за 3-то дете

Салија Бекир Халим – Иницијатива на жени од Шуто Оризари Photo by Kelly Giardina @ Photographers Without Borders

А.Х. е 29 годишна мајка на 5 деца. Живее во Шуто Оризари во куќа од две мали соби и надворешен тоалет. Условите во коишто живеат во куќата се мизерни. Децата се на возраст од: 10, 8, 5, 3 и најмалото дете е 1,5 година. Нејзиниот сопруг со кого живееше во вонбрачна заедница е заминат во неговата матична земја бидејќи не е државјанин на Р. Македонија.

Тригодишниот син пред неколку месеци се онесвести и докторите се сомневаат на епилепсија.  А.Х. ја запознавме пред неколку години кога дојде во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Шуто Оризари за бесплатна контарцепција.

Повеќе »

Стрип „Приказни од амбулантата“ #3 (Втора сезона)

По неколку часа со неподносливи болки ме качија на бокс, дојде докторот и рече дека ќе се пораѓам сега и си замина. Останав со две сестри или не знам што беа. Едната од нив ми рече: „Ајде ти си петторотка, ти можеш сама да се пораѓаш“. И си замина. Втората сестра исто ме остави сама и ми рече „Ајде пораѓај се, мене ми завршува смената, ќе те оставам. Ти си родила 4 деца, за ова не изводи толку, не викај!“ и си замина.

Повеќе »

Уште од мала сонувам да станам медицинско лице

Јас сум Азиза Сали од Шуто Оризари и сум студентка во прва година на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Уште од мала сонувам да станам медицинско лице.

Кога пораснав и требаше да се одлучам во кое средно училиште да го продолжам моето образование, почнав да размислувам и имав дилема дали да се запишам како медицински лаборант или физиотерапевт. Не знаев за што да се одлучам, бидејќи сакав да бидам и лаборант и физиотерапевт.

Повеќе »

Легализација на имот – пречка при остварување на правата од здравствената заштита

Жителите од ромската етничка припадност во битолската населба „Петочна вода“ живеат во супстандартни услови и секојдневно се соочуваат со многубројни проблеми.

Еден од позначајните проблеми, кој се однесува на сопственоста на човекот врз неговиот имот, како основно човеково право во оваа битолска населба е повредено и оневозможено, и покрај поднесените барања за легализација.

Повеќе »

Во Виница здравството не е ничија привилегија

Јас ќе речам, не може секој да биде здравствен работник. Треба пред сѐ да ги сакаш луѓето, да сакаш да помагаш без да чекаш „благодарам“.

Јас сум Милица Божиновска и во ромското маало во Виница како патронажна сестра работам повеќе од 27 години. Секое семејство го познавам како дише, кога ја добиле својата прва радост, а таа радост пораснала, па сега можеби има и 26 години. Порано работевме како моновалентна патронажна служба и се грижевме само за мајките и децата, а сега сме поливалентна со стручен тим од две патронажни сестри и една акушерка, се грижиме за целото население со акцент на ромското население.

Повеќе »

На кафе муабет кај комшиите од село Црник

Јас сум тетка Нада Симовска, пензиониран педијатар од Пехчево. Животот сакаше сопствено гнездо да изградам во Пехчево, во најубавата општина, со прекрасна природа насекаде околу мене. Отсекогаш уживам во ова мало место, секогаш исполнета, во друштво на прекрасни личности, колеги кои ме ценат, но пипациенти кои имаат доверба во мене.

Сепак, моето вистинско уживање во дружењето секогаш ми е во најубавото село Црник. Убавината на селото доаѓа од мултиетничноста, од меѓусебното почитување, различноста на адетите, од заедничките веселби и стремежи. Секогаш се единствени, спремни да помогнат едни на други, а во селото живеат приближно ист број на Роми и Турци и уште 7-8 македонски семејства.

Повеќе »

Стрип „Приказни од амбулантата“ #2 (Втора сезона)

Вештината на комуницирањето е темел на квалитететен преглед и консултација во амбулантите. Лошата и неразбирлива комуникација создава незадовoлни пациенти. Пациентите бараат и очекуваат не само да бидат прегледани, туку и некој да се загрижи за нивното здравје, да покаже дека му е важно задоволството и здравјето на пациентот.

Задоволство или незадоволство од исходот на прегледот зависи од начинот на кој докторот и помошниот персонал комуниницираат со пациентите. А тоа е умешност, поточно уметност на комуникација!

Стрип „Приказни од амбулантата“ #1 (Втора сезона)

Според Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ за 2018 година, сите прегледи кај матичниот гинеколог поврзани со бременоста, вклучително и сите лабораториски прегледи во текот на бременоста, се бесплатни. Во Програмата се предвидува и бесплатно породување за бремените неосигурани жени, Ромките, жените од социјално ранливите категории и лицата без идентификација, како и бесплатно болничко лекување на доенчиња од мајки кои се во социјален ризик.

Здравствените работници немаат право да ја злоупотребуваат својата работна позиција, а пациентите се во предност кога си ги знаат здравствените права!

Меѓународен ден на Ромите – битка меѓу успехот и стереотипите

Дваест и шестгодишната Сенада Сали е правник во Европскиот Центар за правата на Ромите. Желбата преку адвокатурата да стигне до вистината и да им помогне на загрозените била пресудна да навлезе во правото како бранител на правата на Ромите. Младата тетовчанка течно говори пет јазици, а успехот вели им го должи на сплетот на животните предизвици и блиските кои секогаш ја бодреле да им пркоси на стереотипите.

Видеото е изработено како последователна активност на работилницата за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство на тема „Предизвиците на истражувачкото новинарство во дигиталната ера“ во организација на H.E.R.A.

Баба, ќерка и внука во една година стекнаа лични документи

Три генерации на жени од ова семејство оваа година треба да ги добијат сите лични документи. Тие престануваат да бидат „невидливи“ за системот, а со тоа добиваат можност да ги остварат своите здравствени, социјални и образовни права.

Неофицијално во Македонија има околу три илјади луѓе без матични броеви. Позитивна вест е што од први април 2018 година, до Управата за водење на матична книги може да поднесат барање за соодветно запишување.

Видеото е изработено како последователна активност на работилницата за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство на тема „Предизвиците на истражувачкото новинарство во дигиталната ера“ во организација на ХЕРА.

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »