Во рамките на проектот за менување на негативните наративи за Ромите во здравствените институции, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, ХЕРА на 9-ти март 2018 год. во хотел „Порта“, Скопје одржа работилница за новинари и студенти по новинарство на тема „Предизвиците на истражувачкото новинарство во дигиталната ера“.
Еднодневната работилница беше наменета за новинари и студенти на завршни студии по новинарство и имаше за цел:
- Подобрување на знаењата и вештините за изработка на инклузивни и недискриминаторски стории во медиумите;
- Основи на истражувачко новинарство и користење на социјалните медиуми во креирање на успешна медиумска сторија;
- Сензибилизирање на новинари и стекнување напредни знаења за социо-културните карактеристики на Ромите и менување на негативните наративи за Ромите помеѓу општата популација и здравствените работници.
Предавачи на работилницата беа Боби Христов, уредник и новинар во ТВ Телма, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и Љатифе Шиковска, активистка од НВО „Амбрела“.
Покрај проширувањето на знаењата од областите кои беа опфатени со работилницата, студентите по новинарство имаа можност и да учествуваат во процесот на подготовка на истражувачки видео-прилог или статија, како последователна активност од работилницата.
Медиумите мора да се наш сојузник во борбата против дискриминацијата затоа што само заедно можеме да ги промениме нештата. Заедно да создадеме нови приказни во здравството!
Јас сум Едвин Салиов, параправник при НВО „КХАМ“ во Виница и моја задача е да помагам на ромската заедница при остварувањето на нивните здравствени права. Проблеми и предизвици има многу. Дел се поради неинформираност на ромската заедница, а дел се поради проблемите со невработеноста и сиромаштијата. Многу е тешко да си ги гледаш блиските, од кои дел ти се и роднини, како не можат да им купат лекарства на своите деца, а да не зборуваме за прегледи и контроли во Штип и во Скопје.
Повеќе »
Идриз Абриоски од Шуто Оризари е еден од 800 лица во државата кои се невидливи за системот. Без лична документација се и неговите деца бидејќи за да го докаже татковството, на Идриз му бараат ДНК анализа, која чини премногу.
„На улица моите деца ги викаат фантоми, а не се фантоми. Тие се тука родени, во Македонија“, вели Идриз.
Невидливите
Во Македонија, околу 800 лица, најголем дел Роми, живеат без документи. Тие се невидливи за системот, не се социјално заштитени и немаат здравствена заштита. Граѓанските организации бараат да се воведе посебна програма за здравствена заштита за “невидливите” која ќе биде минимално оптоварување на буџетот од една страна, а од друга страна ќе биде решение за проблемите со кои се среќаваат недокументираните лица.Видеото е изработено во рамките на проектот за менување на наративи кон Ромите во здравствените институции, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.#ЗдравствоБезДискриминација
Posted by Фондација Отворено општество – Македонија on Tuesday, February 20, 2018
Според проценките на УНХЦР над 800 лица во Македонија, најголемиот дел Роми, се невидливи за системот. Без матичен број, без лични документи и без државјанство, без здравствено осигурување, без можност за образование и без пристап до правата од социјалната заштита, тие се оставени на милост и немилост. Лицата „фантоми“, како што ги нарекуваат, немаат пристап до ниту едно право, а со тоа тие претставуваат најисклучен дел од општеството кој живее во најдлабока сиромаштија.
Повеќе »
Доброто здравје е загарантирано право, а не привилегија. Сите пациенти и здравствени работници имаат свои права, но и обврски. Уставот и законите ги чуваат овие права како што лекарите треба да го чуваат вашето здравје. Погледнете го видеото и дознајте кои се правата и обврските на пациентите и на здравствените работници >>
Отсекогаш сум сакал да водам и да превземам одговорност за да се унапредат одредени состојби во општеството. Затоа, веќе три години во улога на проектен менаџер во НВО „Ромаверзитас“ со многу љубов и страст целосно се посветувам на поддршка на личниот, академскиот и професионалниот развој на студентите Роми за нивни еднакви пристапи и можности во општеството, односно директно учествувам и помагам во процесот на градење на високообразовани млади Роми, кои во иднина ќе учествуваат во процесот на креирање и донесување на политики на локално и национално ниво.
Повеќе »
Многумина Роми немаат здравствено осигурување, за нив тоа е луксуз.
Орхан, Шпреса и Муарем се само мал дел од многуте Роми кои секојдневно треба да направат тежок избор – да се купат лекови или леб за децата.
Проблемите кои најчесто ги имаат Ромите при добивање на здравствена услуга се незаконската наплата, јазичната бариера, дискриминацијата и неквалитетната услуга која ја добиваат.
Параправниците од граѓанската организација ИРИЗ ја информираат ромската заедница за здравствените и социјални права, како и за начините за унапредување на здравствената заштита.
Јас сум Узурџан Медик, по професија сум медицинска сестра и моментално работам како активистка во НВО Центар за развој на ромската заедница „Баирска светлина“ во Битола. Мојот татко е еден од основачите на ова здружение кое постои веќе 16 години и се занимава со правата на Ромите. Од мали нозе учествував на различни обуки, работилници, манифестации и забележував колку многу труд се вложува за подобрување на правата на ромската заедница.
Повеќе »
Теренската работа и посетата на семејствата кои се во социјален ризик е еден од најголемите предизвици на ромската невладината организција „Амбрела“. Особено семејствата кои живеат на улиците „Брсјачка буна“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари.
Повеќе »