Децата се наше најголемо богатство, наше наследство, наша иднина и се носители на мирот, љубовта и хармонијата во денешното современо живеење. Децата треба да се почитуваат како личности и да се помогне во нивниот развој, напредок како и да им се овозможи среќно и безгрижно детство. Секој поединец, семејство, држава треба да ги почитува правата на децата и да ги унапредува. Единствено нешто кое е заедничко за сите деца се нивните права. Според Декларацијата за правата на детето на ОН, секое дете треба да му биде загарантирано правото на живот, здравје, образование и игра, како и право на семеен живот, заштита од насилство и дискриминација и право на свое мислење.
Повеќе »
Јас сум Касандра Абдула. Имам 19 години и со моето семејство живеам во Шуто Оризари. По завршувањето на основното училиште, како и секој млад човек требаше да одлучам како понатаму да го продолжам моето образование. Медицината отсекогаш била мојата желба и токму затоа одлучив да се запишам во средното медицинско училиште. Сметав дека покрај тоа што би се вработила, во исто време би била корисна и од големо значење за мојата заедница. Средното медицинско училиште го запишав со идеја и очекување дека ќе има потреба од мое вработување како Ромка во некоја здравствена установа.
Повеќе »
Во време кога сиромаштијата и невработеноста ги мачат нашите граѓани неопходно е да се посветиме на креирање политики кои ќе бидат инклузивни и интегрирани, за да може да дадат соодветни резултати. Сведоци сме на донесување на многу мерки кои се насочени кон надминување на овие проблеми, а сепак, се покажува дека не е доволно само да се отвори работно место и да се очекува дека едно невработено лице лесно ќе влезе и остане на него. Исто така, се покажува дека тоа е уште потешко ако станува збор за лице во социјален ризик или доаѓа од маргинализирана заедница, вклучително и Ромската. Повеќе »
Итната медицинска помош носи безброј приказни, се спасуваат човечки животи и пред сѐ се прават напори да му се помогне на човекот кога му е најпотребно. Во поголем број на случаи, од терен со насмевка се враќаме на работното место, но за жал не секогаш можеме да помогнеме приказните да имаат среќен крај. Во секој случај, наша обврска како здравствени работници е да помогнеме на личноста на која ѝ е потребна медицинска помош, па дури и да се работи за трагедија, да може да ја прифати загубата и да се посвети на сопствениот живот и на најблиските.
Повеќе »
Дипломирав на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година, иако факултетот го запишав со желба за работа со пациенти, сепак по дипломирањето мојата професионална кариера се насочи кон областа на јавното здравје. На оваа одлука кај мене значителни влијание имаше тоа што во последните три години од студиите преку мојот ангажман во повеќе граѓански организации, увидов дека преку работата на полето на јавното здравје може да се помогне на поголеми групи од населението да го заштитат и унапредат своето здравје.
Повеќе »
Разговаравме со Салија Бекир Халим, како претставничка од Иницијативата на жени од Шуто Оризари. Таа одблиску ни ја долувува работата на Иницијативата, како и успесите и предизвиците кои се дел од ангажманот за унапредување на репродуктивните и здравствените права на жените од оваа општина.
Повеќе »
Како секоја млада личност која започнува со стремеж и огромна љубов и желба за реализација на својата животна приказна, така и јас ја започнав сопствената приказна пред сè со огромна желба и мотивираност.
Јас сум Елма Селмани, потекнувам и живеам во Гостивар. Студирав и дипломирав на отсекот по Логопедија при Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов сум специјализант во втор циклус на студирање односно на постдипломски студии за Клиничка логопедија.
Повеќе »
Здравствен работник сум околу 40 години. Работата мене не ми е багаж кој го влечам со себе туку задоволство без кое јас не би била вистинската јас.
Се викам Есма Мустафовска, вработена како Лаборант во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево. Зад мене е животно искуство на кое можат да ми позавидат и филмски глумици, затоа што во животот имам поминато повеќе и од најголемите хуманитарци. Повеќе »
Репродуктивното здравје на жените е основно човеково право, кое е битна алка за здрави поколенија и спречување на доенечката смртност како и смртноста на родилките. Токму затоа, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје секоја година креираат превентивни програми со цел да се подобри здравствениот систем на Република Македонија.
Повеќе »
Социјална еднаквост, партиципативна демократија и граѓанската солидарност. Креираме политики, се расфрламе со зборови, ама за што всушност зборуваме и што реално правиме?
Неодамна, при едно истражување, од една животна приказна на ромско семејство, ми се нацрта пред очи реалноста во која живееме. Еве како изгледа живот во држава која по устав е социјална.
Повеќе »