Достоинствен и горд домаќин секогаш со блага насмевка ги пресретнува добронамерните гости. Челото му е збрчкано, а на образите се гледаат лузните од животот. Маалото уште зборува за чичко Илми од пред 25 години, вреден и силен работник, почитуван од сите во Делчево, на кој му немало рамен во работливоста, но и по истакнатата силна става. Очевидци кажуваа како доброволно останувал на работа секогаш кога билo потребно, но и како со заби кревал цела маса во Ресторанот „Македонија“.
Повеќе »
Јас сум Ајтен Селмани од Гостивар, ангажирана како Ромски здравствен медијатор во мојот роден град. Среќна сум што ја имам можноста да ја работам оваа работа најмногу затоа што сакам да и помагам на мојата заедница, да учествувам во подобрувањето на условите и да им помогам на сите да имаат пристап до здравствената заштита која им следува. Особено задоволство ми причинува едуцирањето и дополнително зајакување на Ромите во остварувањето на своите права.
Повеќе »
Немате здравствено осигурување, немате матичен гинеколог, итно ви требаат прегледи и совет од дерматовенеролог, не знаете каде да се обратите за советување?
Вратите на Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари се широко отворени за сите од вас! Бесплатно, доверливо, анонимно – сѐ што ви треба како услуга за сексуално и репродуктивно здравје, ќе го добиете тука.
Повеќе »
Сиромаштијата е реалност за најголем дел од граѓаните на Шуто Оризари – ова се потврдува со видот на правни услуги кои клиентите ги побарале од сервисот „правна помош” на ХЕРА, во состав на Младинскиот центар „Сакам да знам”, лоциран во самата општина. Правата од социјална заштита, а особено паричните надоместоци (социјална парична помош и постојана парична помош) се најчеста причина граѓанинот од Шуто Оризари да се обрати за правен совет или преземање на конкретни дејствија во постапка за остварување или за задржување на овие права. За да се оствари здравствена заштита како примарна потреба на секој човек, основен предуслов е материјалното зајакнување.
Повеќе »
Како е да се биде граѓанин од втор ред во сопствената земја? За тоа ќе треба да ги прашаме нашите сограѓани Роми. Ромите ја препознаваат дискриминацијата. Нееднаквото постапување е составен дел од нивното живеење. Добивањето здравствена заштита, преминувањето државна граница, пристапот до услуги од јавни и приватни лица итн. се предизвици речиси за секој граѓанин од ромска етничка припадност. Предрасудите кон Ром(к)ите се главната причина за различен третман во однос на третманот кој го добиваат граѓаните од било која друга етничка припадност во Р. Македонија. Стравот од повторно дискриминирање уште повеќе ги оддалечува Ром(к)ите од институциите кои одлучуваат за нивните права.
Повеќе »
„Како гинеколог со двадесетгодишно работно искуство во Делчево можам да кажам дека мојата професија е одговорна професија и дека истата ме исполнува во целост. Секојдневно се среќавам со пациентите, но најмногу се радувам кога се среќавам со нив од превентивен карактер или пак кога се работи за жени кои се бремени. Не може да се опише чувството кога разговарате со брачен пар кои го планирале своето семејство и кои се интересираат за напредокот на својата рожба и ја следат бременоста“, д-р Лилјана Тричковска Повеќе »
Веќе 45 години сум алка во здравствениот систем и белиот мантил го чувствувам како дел од мојата личност. Љубовта кон медицината, хуманоста и желбата да се помага ја носам со себе уште како дете, кога си играв докторка со моите врсници, дружење во кое никогаш не се делевме по ниту една основа. Заедно јадевме лепчиња со миризливиот ајвар и имавме заеднички соништа да пораснеме и да бидеме важни и корисни луѓе. Некогаш заедно јадевме во дворот кај тетка Џелјана, друг пат кај моите и така заедно растевме и созревавме. Од дете сум воспитана да ги сакам и почитувам сите луѓе подеднакво и истите да ги ценам по тоа колку се трудољубиви, а не по тоа што имаат зад себе или пак што се по националност.
Повеќе »
Според пописот во 2002 година, во Република Македонија живеат 53.879 припадници на ромската етничка заедница. Меѓутоа, според други студии кои се базираат на различни истражувачки техники, се укажува дека реалната бројка на ромското население е поголема, односно дека во Република Македонија живеат приближно од 80.000 до 135.000 Роми. Во однос на здравствената состојба на Ромите, низата на истражувања покажаа дека и оваа етничка заедница како и сите останати се соочуваат со исти хронични и малигни заболувања.
Повеќе »
Параправникот Мухареми Најла од НВО „Сонце“ од Гостивар направи кратко интервју со Санела, која е од ромска етничка припадност, во врска со нејзиното задоволство од третманот кај матичниот лекар и другите здравствени институции, како и предизвиците со кои таа се соочува при остварувањето на здравствените права.
Повеќе »
Јас д-р Владимир Нанчевски сум вработен во Ургентниот центар во ЈЗУ „Ферид Мурад“ во Гостивар веќе 4 години и можам да кажам дека како и на секој лекар, па така и мене, задоволство ми е кога се грижам за здравјето на луѓето.
Да се работи како лекар е навистина големо задоволство, но од друга страна нашата работа е навистина доста одговорна и стресна бидејќи секојдневно се среќаваме со пациенти кои се соочуваат со најразлични здравствени проблеми. Повеќе »