Здравственото осигурување за многумина Роми претставува луксуз

Многумина Роми немаат здравствено осигурување, за нив тоа е луксуз.

Орхан, Шпреса и Муарем се само мал дел од многуте Роми кои секојдневно треба да направат тежок избор – да се купат лекови или леб за децата.

Многумина Роми немаат здравствено осигурување, за нив тоа е луксуз. Некогаш имаат тежок избор – лекови или леб за децата.

Многумина Роми немаат здравствено осигурување, за нив тоа е луксуз. Некогаш имаат тежок избор -лекови или леб за децата.

Posted by Види Вака on Thursday, February 8, 2018

Параправниците од ИРИЗ им го олеснуваат пристапот до здравствени услуги на Ромите

Проблемите кои најчесто ги имаат Ромите при добивање на здравствена услуга се незаконската наплата, јазичната бариера, дискриминацијата и неквалитетната услуга која ја добиваат.

Параправниците од граѓанската организација ИРИЗ ја информираат ромската заедница за здравствените и социјални права, како и за начините за унапредување на здравствената заштита.

Параправниците од ИРИЗ им го олеснуваат пристапот до здравствени услуги на Ромите.

Параправниците од ИРИЗ им го олеснуваат пристапот до здравствени услуги на Ромите.

Posted by Види Вака on Thursday, February 1, 2018

Параправници се борат за еднаков третман кон Ромите во здравството

Благодарение на медијациските состаноци кои како параправнички ги остваруваат со одредени гинеколози, според истражувањата од 2015 и 2016 година, незаконската наплата на гинеколошки услуги е намалена за 28%. Исто така, некои гинеколози престанале и да наплаќаат.

Параправници се борат за еднаков третман кон Ромите во здравството.

Параправници се борат за еднаков третман кон Ромите во здравството.

Posted by Види Вака on Thursday, January 18, 2018

Во ординациите на д-р Трајковски и д-р Блажевски нема место за дискриминација

Д-р Владимир Трајковски и д-р Александар Блажевски, спец. гинеколози акушери, говорат за нивните искуства при работењето со најранливите групи на граѓани во нашето општество и нивната долгогодишна соработка со ХЕРА и ХОПС. Во ординациите на овие доктори нема место за дискриминација.

Во ординациите на Д-р. Трајковски и Д-р. Блажевски нема место за дискриминација.

Во ординациите на Д-р. Трајковски и Д-р. Блажевски нема место за дискриминација.

Posted by Види Вака on Friday, January 12, 2018

За здрава бременост, најважни се информациите

За да имаш здраво бебе треба да посетуваш матичен гинеколог навремено и редовно, но и да знаеш што да очекуваш од него.

Кои услуги и информации треба да ги добиеш од матичниот гинеколог при секоја посета и што сè е важно да знаеш доколку си бремeна или планираш бременост, можеш да дознаеш од информативното видео на Иницијатива на жени од Шуто Оризари​.

„За здрава бременост, најважни се информациите“

Во кој период од бременоста е најдобро да се направи гинеколошки преглед? Кои услуги и информации треба да ги добиеш од матичниот гинеколог при секоја посета? Што сè е важно да знаеш доколку си бремена или планираш бременост? Сите одговори ги има во нашето информативно видео:

Posted by Иницијатива на жени од Шуто Оризари on Tuesday, December 19, 2017

Зацртана цел – реализиран сон

Сали Мемед од 2015-та година почнал да го остварува својот сон и преку претприемнички грант за самовработување го отворил веб порталот 24 Вакти на кој најголем простор им отстапува на проблемите со кои се соочува ромската популација. А, нив вели ги има многу!

Здравствено советувалиште – Гостивар

Аријета, Елма и Рахман се млади здравствени работници Роми, кои својата пракса ја стекнуваат преку волонтерско ангажирање во Здравственото советувалиште во НВО Сонце – Гостивар, а под менторство на д-р Ариф Пини. Кои услуги се нудат во ова советувалиште и кои активности се преземаат во насока на унапредување на здравјето на Ромите во Гостивар, погледнете во видеото >>

Завршен настан + Форум театар „Приказни од чекалната“

На 8, 9 и 10 април 2017 год. театарските сцени во Скопје, Делчево и Тетово беа претворени во големи чекални во кои проблемите со кои се соочуваат Ромите како пациенти во здравствениот систем, заеднички со публиката се обидувавме да ги решиме преку дискусија и актерска игра на сцена. Целта на форум театарот „Приказни од чекалната“ беше да се поттикне проактивноста кај граѓаните односно како од пасивни набљудувачи во секојдневниот живот да нè претвори во проактивни луѓе, кои ќе ја менуваат средината.

Настанот во Скопје, покрај премиерата на форум театарот, вклучуваше излагања на проф. д-р Елена Ќосевска (специјалист по социјална медицина), Љатифа Шиковска (активистка) и Марија Стефанова (психолог), како и проекција на кратки видеа кои се изработуваа во текот на проектот.

Живот во шише

Како изгледа животот на еден собирач на пластични шишиња? Со какви здравствени опасности се соочува тој? За што сонува и кои се неговите желби? Погледнете од приказната на Себастијан…

Системски промени за поквалитетен живот

Додека светот оди со незапирлив чекор напред, дел од граѓаните во земјава сѐ уште живеат без елементарни здравствени и социјални услуги. Граѓанските организации се единствената алатка за пристап до институциите и единствената искра надеж во која гледаат можност за решавање на проблемите. А, нив ги има многу.

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »