Преку работилници до подобра комуникација

Подобрување на комуникациските вештини кај здравствените работници од аспект на културолошките карактеристики на пациентите беше главната цел на работилниците кои ХЕРА, КХАМ и Сонце во соработка со Центарот за семејна медицина ги спроведоа во Скопје (18.02.2017) и Делчево (05.03.2017).

Немањето матичен број е опасно по живот

Со какви проблеми се соочува малата Фатмана која 9 години живее во Шуто Оризари, а во државата не постои бидејќи нема матичен број? Зошто нејзиното здравје е доведено во прашање? И што е она што мора да се превземе за решавање на нејзиниот проблем кој го споделуваат над 800 луѓе од Шуто Оризари? Погледнете во видеото >>

Низ трновит пат до успешна животна приказна – Трет дел

„Од родниот Прилеп заминав со еден куфер, моите не се ни посомневаа дека се спакував на подолго. Се сеќавам само дека пред да заминам мајка ми ми рече: Дете каде? А јас одговорив, да го реализирам својот сон“ – вака ја почнува својата успешна приказна новинарот Сунаи Сабриоски.

Искористеност на мерките од превентивните програми на Министерството за здравство

Погледнете колку од мерките од превентивните програми на Министерството за здравство имаат практична примена во пракса и колку од нив стигнуваат до оние кои се најзасегнати? Зошто Министерството за здравство годинава го скрати буџетот за превенција, а Ромите ги избриша од програмата за мајки деца?

Низ трновит пат до успешна животна приказна – Втор дел

Ви ја претставуваме успешната животна приказна на Бајса Арифовска. Таа е мултиинструменталист, свири на зурла, кавал, тапан, тарабука, кларинет, виолина, тамбура. Арифовска работела како професорка во скопското музичко улилиште „Илија Николовски Луј“, а денес е дел од оркестарот во Националниот ансамбл „Танец“, со кој патува низ светот и ја шири македонската традиционална музика, која вели е нејзин сон и реалност.

Низ трновит пат до успешна животна приказна – Прв дел

„Ако сакате ништо да не работите, вљубете се во она што го работите” – вели една стара мудра мисла. А, дека во неа се крие најголемата животна вистина ни потврдуваат тројцата соговорници пред сè успешни Роми кои секој на свој начин успеал да го реализира својот животен сон.

Во првото видео од овој серијал, погледнете ја успешната животна приказна на Васка Бајрамовска Мустафа, Заменик народен правобранител, една од плејадата успешни жени Ромки, која милува да каже дека во животот нема лесен пат, а целиот напор се исплати само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле.

Новинарите прашуваат како до подобри практики

Новинарите истражуваат дали има дискриминација од страна на здравствените работници кон Ромите како пациенти и што е она што треба да се преземе за подобри практики во здравството. Свои препораки и одговори на овие прашања ни дава проф. д-р Елизабета Зисовска, директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

Граѓаните го прашуваат ФЗОМ

Не знаете како да извадите здравствена книшка? Каде да се обратите ако ви наплаќаат за услуги кои се бесплатни? Како да ви ги вратат средствата за купени ортопедски помагала? Што може да добиете во пунктовите на ФЗОМ?

Одговорите на овие и други прашања во врска со остварувањето на здравствените права ни ги дава директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, д-р Сашо Стефаноски.

Запознај го оној кој го лечиш #2

Уште еден позитивен пример на надминување на бариерите на релација здравствен работник-пациент преку директно запознавање со обичаите на пациентите.
Патронажни сестри се во посета на домот на Севдие…

Запознај го оној кој го лечиш #1

Доктори од Делчево ни презентираат добри практики во здравството преку посета на ромски семејства со цел одблиску да се запознаат со ромската култура и традиција поточно со прославувањето на празникот Курбан Бајрам, како и со социо-економските услови во кои живеат тие.

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »