Повик за учество на работилница за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство
Во рамки на проектот за менување на негативните наративи за Ромите во здравствените институции, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, ХЕРА објавува повик за учество во работилница за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство на тема „Предизвиците на истражувачкото новинарство во дигиталната ера“.
Еднодневната работилница е наменета за новинар(к)и и студент(к)и на завршни студии по новинарство и има за цел:
- Подобрување на знаењата и вештините за изработка на инклузивни и недискриминаторски стории во медиумите;
- Основи на истражувачко новинарство и користење на социјалните медиуми во креирање на успешна медиумска сторија;
- Сензибилизирање на новинари и стекнување напредни знаења за социо-културните карактеристики на Ромите и менување на негативните наративи за Ромите помеѓу општата популација и здравствените работници.
Предавачи на работилницата ќе бидат Боби Христов, уредник и новинар, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и Љатифе Шиковска, активистка од НВО „Амбрела“.
Покрај проширувањето на знаењата од областите кои ќе бидат опфатени со работилницата, студент(к)ите по новинарство ќе имаат можност и да учествуваат во процесот на подготовка на истражувачки видео-прилог или статија, како последователна активност од работилницата.
Работилницата за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство ќе се одржи на 9 март 2018 (петок) во хотел „Порта“, (населба Аеродром, Скопје).
Учесниците и учесничките на работилницата потребно е да се:
- новинар(к)и во медиум (радио, телевизија, весник/списание или веб-портал) или
- студент(к)и на завршни студии по новинарство
Заинтересираните потребно е да испратат:
- Кратка биографија и
- Мотивациско писмо во кое ќе објаснат зошто сакаат да учествуваат во работилницата (најмногу 500 зборови)
Документите најдоцна до 5 март 2018 (понеделник) испратете ги по електронска пошта на: aleksandar.samardziev@hera.org.mk со назнака/предмет на пораката „Повик за работилница за новинари и студенти по новинарство“. Ве молиме наведете и телефон и е-пошта за контакт.
Бројот на учесници е ограничен, а избраните учесници и учеснички ќе бидат известени на 6 март 2018.
Организаторот ги покрива сите трошоци за работилницата освен патните трошоци за учесниците и учесничките кои доаѓаат од Скопје. Патните трошоци за учесниците и учесничките кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет.
За дополнителни информации контактирајте го Александар Самарџиев на 02/ 3290 395.