Светската здравствена организација го дефинира здрвјето како состојба на комплетна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само како отсуство на болест.
Сексуално преносливите инфекции најчесто се предизвикани од: бактерии, вируси или паразити.
Најчести сексуално преносливи инфекции се: ХИВ, сифилис, појава на генитални брадавички, гонореја и хламидија. Најголем дел од овие инфекции можат да се спречат преку користење на соодветен тип на контрацепција (кондоми, спермициди, пилули и слично). Повеќе »
Бременоста преставува физиолошка состојба во која се развива еден или повеќе плодови во матката на жената.
Многу клинички искуства покажале дека речиси секоја трудница во Р.С.Македонија, особено жените Ромки поради нискиот социоекономски статус и нискиот степен на здравствена едукација губат просечно по еден заб за време на бременоста. Повеќе »
Санела Емин е една од малкуте дипломирани актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »
(Интервју со Џенгис Хусеини, дипломиран актер.)
Какви се твоите почетоци поврзани со актерството?
На 10-годишна возраст се запишав во аматерско драмско студио, а ментор ни беше професионалниот актер Сабедин Селмани. Можам да кажам дека уште како дете имав играно во многу претстави. Повеќе »
Донесувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација покрена јавна дебата во која главниот фокус на противниците на законот беше воведувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како посебни основи за дискриминација. Со намера да го претстават законот како „креиран по мерка“ на ЛГБТИ луѓето, ги издвојуваа нив како единствени „корисници“ на законот, притоа свесно избегнувајќи ги аспектите од кои корист имаме сите. Освен што конечно се воведоа сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи, овој закон носи низа позитивни промени за сите нас, подеднакво, вклучително и за Ромите кои во нашето општество често се подложни на нееднаков третман. Повеќе »
Голем дел од Ромите во нашето општество се соочуваат со сиромаштија која ги турка на работ од секоја сфера на живеење. Предрасудите и говорот на омраза кон нив ја поттикнуваат нетрпеливоста и водат кон нееднаков пристап до добра и услуги и нееднаква можност за уживање на правата подеднакво со сите. Пристапот до правда е значително отежнат, имајќи ги предвид сите овие фактори, но тоа дополнително ја влошува нивната состојба. Томку затоа, ги охрабруваме граѓаните Роми да побараат помош кога ќе оценат дека нивните права се повредени само поради тоа што се Роми, поради нивната боја на кожа или социјален статус.
Повеќе »
Џејлан Камбери[1] е 25 годишна мајка на 2 малолетни деца од кои едното има една година, а второто дете – три години. Џејлан е невработена и има завршено основно образование. Таа живее заедно со своите две деца и родителите на нејзиниот сопруг. Веста за бременоста ја добива непосредно откако нејзиниот сопруг ненадејно ја напушта и заминува во странство. Повеќе »
Силвана Сали има 40 години[1]. Нејзиниот животен пат воопшто не бил лесен, таа е трета ќерка, израсната во скромно семејство. Потребата да ѝ помага на својата мајка во извршувањето на домашните обврски, како и финансиските потешкотии со кои се соочувало нејзиното семејство биле причините поради коишто Силвана не успеала да го заврши ниту основното образование. Повеќе »
Интервју со Симона Николовска, генерален секретар во Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА).
Што ѝ е во фокус на работењето на Македонската медицинска студентска асоцијација?
– Асоцијацијата е најстарата медицинска студентска организација во Македонија: постои 72 години колку што постои и Медицинскиот факултет во Скопје. ММСА ги обединува сите студенти по медицина низ целата држава и брои повеќе од 4000 членови, а преку своите 7 одбори работи на најразлични цели. Повеќе »
Од кога почнавте да работите во општина Шуто Оризари? Колку вработени имате денес, колку пациенти?
Со работа во Приватна здравствена установа започнав пред 17 години, во далечната 2002 година како прв вработен лекар, а со текот на годините прераснавме во поголем колектив кој опфаќа повеќе гранки од медицинската дејност: општа медицина, стоматологија, кабинет по интерна медицина и лабораторија. За здравјето и психо-физичката благосостојба на околу 9000 прикрепени матични пациенти на општа медицина и околу 7000 пациенти на стоматологија се грижи персонал од 10 лекари, меѓу кои има стоматолози, биолог, медицински сестри и техничари и помошен персонал, специјалист по интерна медицина и Семејна медицина. Повеќе »