Билтен за здравствени работници #1
Пред вас го имате првото издание од Билтенот наменет за информирање на здравствени работници за состојбата поврзана со обезбедување на полесен и поквалитетен пристап до здравствени услуги за пациентите Роми.
Со темите опфатени во овој Билтен сакаме да ги запознаеме здравствените работници како културолошките навики влијаат врз здравјето на Ромите, односно како преку унапредена културолошка сензибилизација да се подобри комуникацијата и соработката на релација доктор-пациент, која директно влијае на пристапот и квалитетот на добиените и понудените здравствени услуги.
Издавачи: ХЕРA, КХАМ, Сонце
Година на издавање: 2017
Билтенот можете да го прочитате тука