Европска недела на имунизација: Заштити, спречи, вакцинирај!

Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај!“ од 22-28 април 2017 беше одбележана Европската недела на имуницизатијата. Граѓанската организација КХАМ од Делчево традиционално ја одбележа оваа недела со делење на хигиенски пакети за сите новородени деца Роми, родени во 2016-2017 година. Освен делењето на пакети, ова беше убава можност да се посети секое семејство, да се поразговара со мајките за проблемите со кои се соочуваат, да им се презентира Програмата за мајки и деца, но и да се проверат здравствените легитимации на новороденчињата поврзани со имунизацијата.

„Ако во 2012-та година затекнавме опфат на имунизирани деца Роми во Брегалничкиот регион да е од 60-85%, во зависност од локацијата, денес состојбата е сосема различна“, вели Зоран Биковски, програмски координатор на здравствената програма при НВО КХАМ од Делчево. „Секоја година пронаоѓавме помеѓу 5-8 невакцинирани деца, но сега проверката на картоните за имунизација дава друга слика. Традиционално, веќе 6 години КХАМ заедно со локалните самоуправи, здравствените домови, Комисиите за права на пациенти и Ромскиот здравствен медијатор во рамките на Европската недела на имунизација се посетуваат семејствата кои имаат деца до 1 година. Тоа е шанса самите локални авторитети одблиску да се запознаат со животот на тие семејства, родителите да запознаат со тоа што им е потребно во текот на растењето на своите деца, но и да се подигне свеста за важноста од редовна имунизација.“

По повод Европската недела на имунизацијата, Стефанија Стојчевска, претставник од Општина Делчево, ќе истакне: „Оваа активност заедно ја спроведуваме со НВО КХАМ повеќе години и можеме да се гордееме со постигнатите резултати. Еве и денес ќе посетиме околу 10 ромски семејства, ќе донираме хуманитарни пакети, но и ќе поразговараме со родителите. Ваквата акција утре ќе ја реализираме и кај 10 семејства од македонска националност, кои се во социјален ризик.“

 

Додека во Пехчево, градоначалникот Игор Поповски лично ја предводеше екипата на терен. „Се оди според планот. Најпрво ги посетуваме семејствата во с. Црник, а потоа и во с. Умлена и на крај во Пехчево.

 

 

 

 

Дополнително, Патронажната сестра Ружа истакна дека со имунизацијата се јакне имунолошкиот статус не само на децата, туку и на заедницата воопшто.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во Виница беше возбудливо како и секогаш. Многу млади мајки беа расположени за разговор. Со блага насмевка велат: „Децата се нашето богатство и многу научивме од докторите кои доаѓаат на работилниците и се дружат со нас.“

 

 

 

 

На крај што може да се заклучи? Се гледа дека заедницата ги прифаќа и докторите и административците кои доаѓаат во заедница. На еден чудесен начин се создава врска во која двете страни повеќе се разбираат, довербата расте барајќи решенија за проблемите. Резултатот од овие акции не се поделени 49 хигиенски пакети во ромските семејства и уште толку во македонските, туку повеќе од 90% редовно вакцинирани деца во Брегалничкиот регион.

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »