Преку теренска работа и работилници до поголема грижа за здравјето

Теренската работа и посетата на семејствата кои се во социјален ризик е еден од најголемите предизвици на ромската невладината организција „Амбрела“. Особено семејствата кои живеат на улиците „Брсјачка буна“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари.

Животот во импровизирани и лоши услови на живеење, без вода, канализација и асфалт е главната причина која придонесува за нарушено здравје на Ромите, особено здравјето на децата. Едукацијата и превенцијата од страна на претставниците од „Амбрела“ се спроведува и во домашни услови, каде се делат флаери и брошури, како и потребни информации поврзани со сѐ што значи здравје и грижа за истото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Раниот детски раст и развој е еден од многуте приоритети на „Амбрела“. Во соработка со службата за имунизација, редовно се вршат превентивни прегледи и советувања на мајките во однос на правилниот раст и развој на нивните деца. Преку работилници се подига свеста кај родителите за важноста на здравјето на нивните деца особено во периодот од 0-6 годишна возраст.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во соработка со НВО ХЕРА, Заводот за белодробни заболувања и Државната клиника, „Амбрела“ редовно секоја година спроведува бесплатни превентивни прегледи за ромското население на локално и национално ниво.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Меѓутоа, најголем предизвик на „Амбрела“ претставува едукација поточно пренесувањето и создавањето на позитивни навики кон образованието и кон сопственото здравје, како и други социјални вештини на децата од предучилишна возраст.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Љатифа Шиковска,

НВО Амбрела

 

 

 

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »