Стрип „Приказни од амбулантата“ #3 (Втора сезона)

По неколку часа со неподносливи болки ме качија на бокс, дојде докторот и рече дека ќе се пораѓам сега и си замина. Останав со две сестри или не знам што беа. Едната од нив ми рече: „Ајде ти си петторотка, ти можеш сама да се пораѓаш“. И си замина. Втората сестра исто ме остави сама и ми рече „Ајде пораѓај се, мене ми завршува смената, ќе те оставам. Ти си родила 4 деца, за ова не изводи толку, не викај!“ и си замина.

Откако го испи кафето и цигарата првата сестра (ја гледав од спроти од стаклото) дојде и ми рече: „Што се дереш ма толку, срам да ти е, како знаеш да направиш 5 деца, вие Циганите за тоа ве бива! Вие Циганите само сте учени да раѓате“. Дојде и втората сестра и породувањето почна, а јас веќе немав сила и најверојатно од инекцијата бев зашеметена. Тие двете сестри цело време ме навредуваа и ми забележуваа за моето викање и само во еден момент едната од нив ме удри со ШЛАКАНИЦА. „Зошто ме удираш?“ ù реков и ми возврати со уште една шлаканица втората сестра: ,,Затоа што се дереш како крава“.

Оваа вистинска приказна, добиена од страна на жена од Шуто Оризари, беше објавена во 2016-та година. Родилките Ромки често се соочуваат со дискриминација во здравствените институции.

Да ја прекинеме оваа практика, сите граѓан(к)и заслужуваат достоинствен и еднаков третман!

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »