Форум театар „Пробај ги моите чевли“
Како може да се придонесе во промена на наративите кај здравствените работници спрема пациентите Роми? Форум театарот е една од алатките со која на креативен начин, со учество и на пациентите и на здравствените работници, одиграни од главно аматерска актерска екипа, може да се подобри комуникацијата и нивото на соработка меѓу докторите и Ромите.
Целта на форум театарот „Пробај ги моите чевли“, кој е се одигра на 9 и 10 декември 2015 год. во Скопје и Куманово, беше преку развивање на вештини и запознавање со културата и традицијата на населението, кај докторите да се развие прилагодувањето кон културните навики на пациентите.
Погледнете го видеото и дознајте повеќе за форум театарот и за проектот.