Врсничката едукација гарантира поголема информираност и едуцираност кај младите Роми

Светската здравствена организација  го дефинира здрвјето како состојба на комплетна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само како отсуство на болест.

Сексуално преносливите инфекции најчесто се предизвикани од: бактерии, вируси или паразити.

Најчести сексуално преносливи инфекции се: ХИВ,  сифилис, појава на генитални брадавички, гонореја и хламидија. Најголем дел од овие инфекции можат да се спречат преку користење на соодветен тип на контрацепција (кондоми, спермициди, пилули и слично). Повеќе »

Орално здравје во текот на бременоста кај жените Ромки

Бременоста преставува физиолошка состојба во која се развива еден или повеќе плодови во матката на жената.

Многу клинички искуства покажале дека речиси секоја трудница во Р.С.Македонија, особено жените Ромки поради нискиот социоекономски статус и нискиот степен на здравствена едукација губат просечно по еден заб за време на бременоста. Повеќе »

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »

Хусеини: Тажно е што сè уште немаме ромски театар или културен дом

(Интервју со Џенгис Хусеини, дипломиран актер.)

Какви се твоите  почетоци поврзани со актерството?

На 10-годишна возраст се запишав во аматерско драмско студио, а ментор ни беше професионалниот актер Сабедин Селмани. Можам да кажам дека уште како дете имав играно во многу претстави. Повеќе »

Без разлика на условите за живот, на доктор мора да се оди

Фустанче подарено од луѓе чии деца не го носат. „Не ново но е чисто, го исправ за кај доктор Снеже биде чисто детето“, раскажува Фатмира. Во овој дел од населбата Шуто Оризари граѓаните немаат вода, земаат од кај соседите, а многу често немаат ниту за перење ниту за бањање.

За Фатмира најголема среќа е што по цели три децении живот, таа пред четри години добила матичен број, а најмалото од четирите деца треба деновиве да добие извод.  Многу значи што има разбирање кај докторите и детето кога и да има здравствен проблем го прегледуваат. Малата Хасрет со мајка и заминаа во здравствениот дом. Патот прашлив, под силното сонце уште потежок. Пеш имаат десетина минути.

Видео прилогот е изработен во рамки на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

ВИДЕО: Дали факултетот вака нè учи? (трет дел)

Третото видео од одржаните форум-театарски претстави во Скопје, Штип и Битола насловени  „Дали факултетот вака нè учи?”.

„Дали факултетот вака нè учи?"

Во продолжение следува последното, трето видео од форум-театарската претстава „Дали факултетот вака нè учи?",

Gepostet von Нови приказни од амбулантата am Donnerstag, 18. Juli 2019

ВИДЕО: ДАЛИ ФАКУЛТЕТОТ ВАКА НÈ УЧИ (ВТОР ДЕЛ)

Второто видео од одржаните форум-театарски претстави во Скопје, Штип и Битола насловени  „Дали факултетот вака нè учи?”.

„Дали факултетот вака нѐ учи?" (втор дел)

Во видеото во продолжение ја прикажуваме втората форум-театарска сцена и коментарите на присутните студенти.„Дали факултетот вака нѐ учи?" (втор дел)

Gepostet von Нови приказни од амбулантата am Mittwoch, 17. Juli 2019

Каде и како да побарате брза и бесплатна заштита во случај на дискриминација

Донесувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација покрена јавна дебата во која главниот фокус на противниците на законот беше воведувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како посебни основи за дискриминација. Со намера да го претстават законот како „креиран по мерка“ на ЛГБТИ луѓето, ги издвојуваа нив како единствени „корисници“ на законот, притоа свесно избегнувајќи ги аспектите од кои корист имаме сите. Освен што конечно се воведоа сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи, овој закон носи низа позитивни промени за сите нас, подеднакво, вклучително и за Ромите кои во нашето општество често се подложни на нееднаков третман. Повеќе »

Како да побарате заштита од дискриминација пред Народниот правобранител

Голем дел од Ромите во нашето општество се соочуваат со сиромаштија која ги турка на работ од секоја сфера на живеење. Предрасудите и говорот на омраза кон нив ја поттикнуваат нетрпеливоста и водат кон нееднаков пристап до добра и услуги и нееднаква можност за уживање на правата подеднакво со сите. Пристапот до правда е значително отежнат, имајќи ги предвид сите овие фактори, но тоа дополнително ја влошува нивната состојба. Томку затоа, ги охрабруваме граѓаните Роми да побараат помош кога ќе оценат дека нивните права се повредени само поради тоа што се Роми, поради нивната боја на кожа или социјален статус.

Повеќе »

Вистинска сторија: Без поддршката од моите родители никогаш немаше да успеам

Џејлан Камбери[1] е 25 годишна мајка на 2 малолетни деца од кои едното има една  година, а второто дете – три години. Џејлан е невработена и има завршено основно образование. Таа живее заедно со своите две деца и родителите на нејзиниот сопруг. Веста за бременоста ја добива непосредно откако нејзиниот сопруг ненадејно ја напушта и заминува во странство. Повеќе »

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »