Стрип „Приказни од амбулантата“ #3 (Втора сезона)

По неколку часа со неподносливи болки ме качија на бокс, дојде докторот и рече дека ќе се пораѓам сега и си замина. Останав со две сестри или не знам што беа. Едната од нив ми рече: „Ајде ти си петторотка, ти можеш сама да се пораѓаш“. И си замина. Втората сестра исто ме остави сама и ми рече „Ајде пораѓај се, мене ми завршува смената, ќе те оставам. Ти си родила 4 деца, за ова не изводи толку, не викај!“ и си замина.

Повеќе »

Стрип „Приказни од амбулантата“ #2 (Втора сезона)

Вештината на комуницирањето е темел на квалитететен преглед и консултација во амбулантите. Лошата и неразбирлива комуникација создава незадовoлни пациенти. Пациентите бараат и очекуваат не само да бидат прегледани, туку и некој да се загрижи за нивното здравје, да покаже дека му е важно задоволството и здравјето на пациентот.

Задоволство или незадоволство од исходот на прегледот зависи од начинот на кој докторот и помошниот персонал комуниницираат со пациентите. А тоа е умешност, поточно уметност на комуникација!

Стрип „Приказни од амбулантата“ #1 (Втора сезона)

Според Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ за 2018 година, сите прегледи кај матичниот гинеколог поврзани со бременоста, вклучително и сите лабораториски прегледи во текот на бременоста, се бесплатни. Во Програмата се предвидува и бесплатно породување за бремените неосигурани жени, Ромките, жените од социјално ранливите категории и лицата без идентификација, како и бесплатно болничко лекување на доенчиња од мајки кои се во социјален ризик.

Здравствените работници немаат право да ја злоупотребуваат својата работна позиција, а пациентите се во предност кога си ги знаат здравствените права!

Стрип „Приказни од амбулантата“ #10

Со 10-от стрип доаѓаме до крајот на приказната на Анифе и д-р Здравко. Во изминатите неколку месеци низ илустрации беше прикажан почетокот и текот на едно несекојдневно пријателство од амбулантата. Меѓутоа, искрено веруваме дека односот и комуникацијата која ја имаа Анифе и д-р Здравко навистина постои во некоја од нашите здравствени установи. Анифе и д-р Здравко ве поздравуваат до некоја наредна средба!

Стрип „Приказни од амбулантата“ #9

Куќа полна гости! Во домот на Д-р Здравко се празнува домашна слава. Меѓу поканетите се Анифе и сопругот Емран. Во продолжение е деветиот и претпоследен дел од стрип приказната >>

Стрип „Приказни од амбулантата“ #8

Д-р Здравко добива неочекуван телефонски повик со кој го известуваат за одредени промени. Погледнете за што станува збор во 8-то продолжение од стрип-приказната >>

Стрип „Приказни од амбулантата“ # 7

На Анифе ѝ е потребна помош од д-р Здравко. За што станува збор и дали ќе ѝ излезе во пресрет погледнете во 7-то продолжение од стрип-приказната…

Стрип „Приказни од амбулантата“ #4

Приказната за Анифе продложува… Што се случи откако Анифе доби упат итно да направи дополнителни лабораториски испитувања, погледнете во стрип бр. 4

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »