Каде и како да побарате брза и бесплатна заштита во случај на дискриминација

Донесувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација покрена јавна дебата во која главниот фокус на противниците на законот беше воведувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како посебни основи за дискриминација. Со намера да го претстават законот како „креиран по мерка“ на ЛГБТИ луѓето, ги издвојуваа нив како единствени „корисници“ на законот, притоа свесно избегнувајќи ги аспектите од кои корист имаме сите. Освен што конечно се воведоа сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи, овој закон носи низа позитивни промени за сите нас, подеднакво, вклучително и за Ромите кои во нашето општество често се подложни на нееднаков третман. Повеќе »

Како да побарате заштита од дискриминација пред Народниот правобранител

Голем дел од Ромите во нашето општество се соочуваат со сиромаштија која ги турка на работ од секоја сфера на живеење. Предрасудите и говорот на омраза кон нив ја поттикнуваат нетрпеливоста и водат кон нееднаков пристап до добра и услуги и нееднаква можност за уживање на правата подеднакво со сите. Пристапот до правда е значително отежнат, имајќи ги предвид сите овие фактори, но тоа дополнително ја влошува нивната состојба. Томку затоа, ги охрабруваме граѓаните Роми да побараат помош кога ќе оценат дека нивните права се повредени само поради тоа што се Роми, поради нивната боја на кожа или социјален статус.

Повеќе »

Вистинска сторија: Без поддршката од моите родители никогаш немаше да успеам

Џејлан Камбери[1] е 25 годишна мајка на 2 малолетни деца од кои едното има една  година, а второто дете – три години. Џејлан е невработена и има завршено основно образование. Таа живее заедно со своите две деца и родителите на нејзиниот сопруг. Веста за бременоста ја добива непосредно откако нејзиниот сопруг ненадејно ја напушта и заминува во странство. Повеќе »

Вистинска сторија: Се изложив на неприфаќање и срам, но сепак бев одлучна

Силвана Сали има 40 години[1]. Нејзиниот животен пат воопшто не бил лесен, таа е трета ќерка, израсната во скромно семејство. Потребата да ѝ помага на својата мајка во извршувањето на домашните обврски, како и финансиските потешкотии со кои се соочувало нејзиното семејство биле причините поради коишто Силвана не успеала да го заврши ниту основното образование. Повеќе »

Николовска: Треба да ги пријавуваме оние кои ги прекршуваат правата на пациентите

Интервју со Симона Николовска, генерален секретар во Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА).

Што ѝ е во фокус на работењето на Македонската медицинска студентска асоцијација?

– Асоцијацијата е најстарата медицинска студентска организација во Македонија: постои 72 години колку што постои и Медицинскиот факултет во Скопје. ММСА ги обединува сите студенти по медицина низ целата држава и брои повеќе од 4000 членови, а преку своите 7 одбори работи на најразлични цели. Повеќе »

Д-р Андоновски: Откако му го спасивме животот, секојпат се расплакуваше од благодарност

Од кога почнавте да работите во општина Шуто Оризари?  Колку вработени имате денес, колку пациенти?

Со работа во Приватна здравствена установа  започнав пред 17 години, во далечната 2002 година како прв вработен лекар, а со текот на годините прераснавме во поголем колектив кој опфаќа  повеќе гранки од медицинската дејност: општа медицина, стоматологија, кабинет по интерна медицина и лабораторија. За здравјето и психо-физичката благосостојба на околу 9000 прикрепени матични пациенти на општа медицина и околу 7000 пациенти на стоматологија се грижи персонал од 10 лекари, меѓу кои има стоматолози, биолог, медицински сестри и техничари и помошен персонал, специјалист по интерна медицина и Семејна медицина. Повеќе »

Ајџан Маликоска: Ќе бидам докторка која нема да дискриминира

Чекав во ходникот, пред ординацијата на мојот матичен лекар и како да знаев дека тој ден ќе го паметам цел живот. Покрај мене имаше уште едно ромско семејство, со мало дете кое имаше покачена телесна температура. Ми беше јасно дека животот не ги галел, а освен болното дете, беа присутни и неговите братчиња на чии лица забележав изнемоштеност и страв. Повеќе »

Возило за брза помош само ако имаш пари, ако не, не можеме да дојдеме!

„Е.Д. има 42 години, Ром е и живее во Штип. Неговата социо-економска состојба е навистина тешка. Невработен е, не користи социјална парична помош и секојдневно бара различни начини за да заработи за да обезбеди храна и греење. Живее со својот татко кој има 64 години и е во тешка здравствена состојба поради што му е неопходен целодневен надзор и лекување. Повеќе »

Дали сите треба да знаеме латински за да преживееме?

Што се случува доколку се упатиме некаде за да добиеме повеќе информации, но не ја разбираме терминологијата на различни поединци и групи, по што имаме нејаснотии и недоумици? Ова е секојдневие во нашата држава. Честопати луѓето шетаат како „муви без глава“ бидејќи постои јазична пречка којашто предизвикува низа проблеми. Овој проблем е особено изразен во здравствените установи, каде што неретко настанува вистински хаос и шетање по ходници, чекалници и ординации, додека на пациентите им се утврди дијагнозата, која впрочем и кога ќе ја добијат, често самите тие не можат да ја прочитаат ниту разберат. Повеќе »

Пациентите се целосни личности, а не болни тела

Здравствениот систем е еден од најкомплексните системи во една држава. И покрај тоа што кај нас се вложуваат напори за да стане компатибилен со здравствениот систем на ЕУ, сепак, во голем број случаи тој потфрла во задоволување на потребите на пациентите. Македонскиот здравствен систем е навидум еднакво достапен за сите граѓани на оваа држава, а сепак голем број маргинализирани групи секојдневно се соочуваат со дискриминација. Eдни од клучните обележја на функционално здравство се транспарентноста и еднаквиот третман кон сите пациенти, без разлика на нивните лични карактеристики. За жал, кај нас тој третман сèуште не е во целост постигнат. Повеќе »

Актуелно

Без разлика на условите за живот, на доктор мора да се оди

Фустанче подарено од луѓе чии деца не го носат. „Не ново но е чисто, го исправ за кај доктор Снеже биде чисто детето“, раскажува Фатмира. Во овој дел од населбата Шуто Оризари граѓаните немаат вода, земаат од кај соседите, а многу често немаат ниту за перење ниту за бањање.

За Фатмира најголема среќа е што по цели три децении живот, таа пред четри години добила матичен број, а најмалото од четирите деца треба деновиве да добие извод.  Многу значи што има разбирање кај докторите и детето кога и да има здравствен проблем го прегледуваат. Малата Хасрет со мајка и заминаа во здравствениот дом. Патот прашлив, под силното сонце уште потежок. Пеш имаат десетина минути.

Видео прилогот е изработен во рамки на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.