Преку теренска работа и работилници до поголема грижа за здравјето

Теренската работа и посетата на семејствата кои се во социјален ризик е еден од најголемите предизвици на ромската невладината организција „Амбрела“. Особено семејствата кои живеат на улиците „Брсјачка буна“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари.

Повеќе »

Легализација на имот – долгогодишен проблем на ромската заедница во Битола

Жителите од ромската етничка припадност во битолската населба Петочна вода живеат во супстандардни услови и со ограничен пристап до електрична енергија и вода. Еден од позначајните проблеми, кој се однесува на сопственоста на човекот врз неговиот имот, како основно човеково право, во оваа битолска населба е повредено и оневозможено, покрај поднесените барања за легализација.

Околу 70% од жителите на населбата Петочна вода немаат извршено легализација на своите домови, односно не поседуваат имотни листови, а со самото тоа им е ограничено и правото на вадење или обновување на своите лични карти.

Повеќе »

Новогодишната магија пристигна и во Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари

Во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари пристигна најубавиот период од годината. Време на најбараниот и најпосакуван Дедо Мраз да стопли многу детски срца. Во еден празничен дух и во моќта на овој период од годината, децата посакуваат да им бидат ислушани нивните приказни, состојбата во која се наоѓаат, а преку Новогодишната магија да им покажат добрини и да ги израдуваат, да доживеат радост, среќа и дружење, кои ќе придонесат за поубав свет и подобар живот.

Повеќе »

НВО „Амбрела“ – врска меѓу ромската заедница и институциите

„Лицата без лична документација се нашиот најголем предизвик. Амбрела работи и, ќе работи до целосно решавање на овој горлив проблем со кои се соочуваат овие лица кои се целосно исклучени од општествениот систем. Особено во тешка состојба се децата кои не се вклучени во образование и немаат право на здравствена и социјална заштита.“- Љатифе Шиковска

Центарот за интеграција „Амбрела“ е непрофитна организација која повеќе од 10 години работи во ромската заедница. „Амбрела“ во своето работење се фокусира на социјална вклученост, интеграција и учество на Ромите преку програми за: образование, здравство, човекови права и родова еднаквост.

Клучни области на експертиза на кои се посветени се: прашања во образованието, прашања за социјално вклучување и дискриминација, малцински и родови прашања, истражувања, зајакнување и само-еманципација на маргинализираните групи, работа во заедницата и организирање на ромски групи, ромски прашања за културата.

Повеќе »

Приказни од децата од Дневен центар за деца на улица – Шуто Оризари #2

„Овде ми е многу убаво. Се чувствувам многу среќна, слободна, безбедна и заштитена од моите родители. Тука јадам, се бањам, ми даваат чиста облека и кога сум болна тие се грижат за мене, но и кога сум многу тажна тие ми пружаат утеха и многу љубов. Тука научив да пишувам и читам. Научив културно да се однесувам, да другарувам со моите другарчиња, ги научив месеците во годината, годишните времиња, градови, континенти…знам и математика, да собирам, одземам, множам и делам. Тука научив во кој ден и датум е мојот роденден, научив колку години имам. Јас сум многу среќна кога го прославуваме мојот роденден. Среќна сум и кога патуваме надвор од Скопје. Засекогаш ќе го памтам моето прво зимување во Пелистер и моето прво летување во Струга. Прекрасно беше!

Повеќе »

Приказни од децата од Дневен центар за деца на улица – Шуто Оризари #1

„Во Дневниот центар за деца на улица почнав да доаѓам од 2008. Пред тоа молев за пари низ улиците со татко ми и моите браќа и сестра. Јас и сестра ми не сакавме да одиме ама бевме принудени од татко ми. Ноќта ја минуваме гладни, бидејќи не сме заслужиле да јадеме. Мајка ми и постариот брат често го поддржуваа татко ми.

Повеќе »

Европска недела на имунизација: Заштити, спречи, вакцинирај!

Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај!“ од 22-28 април 2017 беше одбележана Европската недела на имуницизатијата. Граѓанската организација КХАМ од Делчево традиционално ја одбележа оваа недела со делење на хигиенски пакети за сите новородени деца Роми, родени во 2016-2017 година. Освен делењето на пакети, ова беше убава можност да се посети секое семејство, да се поразговара со мајките за проблемите со кои се соочуваат, да им се презентира Програмата за мајки и деца, но и да се проверат здравствените легитимации на новороденчињата поврзани со имунизацијата.

Повеќе »

Студенти Роми од Медицинскиот факултет даваат придонес во унапредувањето на здравјето на својата заедница

Невладината организација ИРИЗ од Скопје, во рамките на РХСП програмата, а во соработка со граѓанските организации СОНЦЕ од Тетово и КХАМ од Делчево отвори здравствени советувалишта во Скопје, Гостивар и Делчево.

Во канцелариите на овие три граѓански организации услугата „Здравствено советувалиште“ се нуди од страна на студенти Роми од Медицинскиот факултет.

Повеќе »

На терен со делчевските аниматори и фасилитатори

14939464_1151323488321555_6535787835883885617_oПравото на здравје и здравствена заштита не смее да биде привилегија само на одредена група на граѓани. Од досегашното функционирање на здравствената програма на НВО КХАМ од Делчево како главни бариери на ромската заедница во пристапот до здравствените услуги се посочуваат неинформираноста, ниското ниво на образование  и лошата социо-економска состојба на самата заедница. Сето ова бара дополнителен теренски ангажман сѐ со цел заедницата дополнително да се зајакне и мобилизира. Токму од тие причини, на терен во Делчево, Виница и село Црник активни се обучени аниматори и фасилитатори.

Повеќе »

Актуелно

Без разлика на условите за живот, на доктор мора да се оди

Фустанче подарено од луѓе чии деца не го носат. „Не ново но е чисто, го исправ за кај доктор Снеже биде чисто детето“, раскажува Фатмира. Во овој дел од населбата Шуто Оризари граѓаните немаат вода, земаат од кај соседите, а многу често немаат ниту за перење ниту за бањање.

За Фатмира најголема среќа е што по цели три децении живот, таа пред четри години добила матичен број, а најмалото од четирите деца треба деновиве да добие извод.  Многу значи што има разбирање кај докторите и детето кога и да има здравствен проблем го прегледуваат. Малата Хасрет со мајка и заминаа во здравствениот дом. Патот прашлив, под силното сонце уште потежок. Пеш имаат десетина минути.

Видео прилогот е изработен во рамки на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.