Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела.

Таа смета дека со ваквите драми се покажува одлучноста на жената Ромка, иако во драмата се претставуваат предрасудите, но има и прикажани делови од традиционалната ромска жена.

„Главниот мотив од претставата означува поттик за будење на ромската жена, а во ликот има и симболики на ромската жена, стравопочит кон мажот и слично” – продолжува Санела Емин.

Во својата кариера, Санела работела во различни телевизиски куќи, пред сè како водителка на ромски емисии, меѓу кои и три новогодишни емисии на ромски јазик во Македонската радио телевизија. Санела покрај актерството, неретко се наоѓа и во улога на сценаристка. Имено, таа е авторка на повеќе од  10 сценарија на театарски претстави, меѓу кои и форум-театарската претстава „Пробај ги моите чевли”.

„Претставата „Пробај ги моите чевли“ беше изработена во рамки на проект кој за цел има да ги промени ставовите на здравствените работници за Ромите. Сценаријата беа изработени согласно приказните на пациентите кои ги слушав, дел од нив кај мене побудија гнев, а дел од нив ме инспирираа да напишам сценарија кои ќе го зголемат разбирањето помеѓу двете страни. Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите“ – вели Санела Емин.

Санела во моментов работи како помошничка на директорот во Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид” , каде што, помеѓу другото се труди да го поттикне актерството кај новите генерации.

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »