Бариери во пристапот до здравствена заштита на Ромите

Погледнете го сведоштвото на Рамизе и предизвиците со кои таа се соочува при користењето на услугите од Брзата помош.

Видеото освои прво место за најдобро реализирана кампања на филмскиот феситвал во склоп на конфренцијата на EUPHA во Милано и беше дел од електронската петиција со која се успеа да се донесе официјален ценовник на услуги.

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »