Карта со оценка од заедницата #2

vtora_kartaКартата со оценка на заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата кај жените Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето.

Таа претставува една од алатките за мониторинг од заедницата и има за цел жените Ромки од општината активно да се вклучат во следење и оценување на пристапот и квалитетот на услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Истражувањето е концепирано преку две стратегии, односно зајакнување на жените преку нивна мобилизација во активностите на истражувањето и следење на квалитетот и достапноста на услугите.

Издавач: Х.Е.Р.А.

Година на издавање: 2014

Преземи ја публикацијата тука

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »