На терен со делчевските аниматори и фасилитатори

14939464_1151323488321555_6535787835883885617_oПравото на здравје и здравствена заштита не смее да биде привилегија само на одредена група на граѓани. Од досегашното функционирање на здравствената програма на НВО КХАМ од Делчево како главни бариери на ромската заедница во пристапот до здравствените услуги се посочуваат неинформираноста, ниското ниво на образование  и лошата социо-економска состојба на самата заедница. Сето ова бара дополнителен теренски ангажман сѐ со цел заедницата дополнително да се зајакне и мобилизира. Токму од тие причини, на терен во Делчево, Виница и село Црник активни се обучени аниматори и фасилитатори.

14753819_1151323448321559_8394374933592978243_o

Улогата на аниматорите е најпрво да ги измапираат најзагрозените локации каде Ромите се соочуваат со здравствени и други социјални предизвици, а потоа и да овозможат влез во самата заедница за да се прибираат потребните информаци. Всушност, аниматорите се луѓе од самата заедница кои се прифатени од истата и носат исти или слични вредности. Дополнително, аниматорите ја информираат заедницата за услугите кои можат да ги добијат преку канцеларијата на КХАМ во Делчево, но и организираат маалски средби на кои се дискутира за проблемите кои ги засега населението во самото маало. На тој начин, се дефинираат проблемите и врз основа на тоа се организираат посебни едукативни работилници со конкретна тема на кои предавачи се здравствени професионалци.

14917048_1151322804988290_8755402218026430195_o

Фасцилитаторите се обучени Роми  во областа на здравствената заштита, правата на пациенти и правата од здравственото осигурување и ѝ помагаат на заедницата во надминување на проблемите. На тој начин се подобрува комуникацијата со здравствените професионалци, се бараат решенија за проблемите и се зголемува довербата во здравствените институции.

 

 

 

14853124_1151323241654913_8814455255824407870_o

„Ништо не можеме да подобриме за Ромите, без самите Роми да учествуваат во акцијата“, ни порачуваат аниматорите од КХАМ – Делчево

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »