Искуството на Санела – пациентка од Гостивар

_mnd4839Параправникот Мухареми Најла од НВО „Сонце“ од Гостивар направи кратко интервју со Санела, која е од ромска етничка припадност, во врска со нејзиното задоволство од третманот кај матичниот лекар и другите здравствени институции, како и предизвиците со кои таа се соочува при остварувањето на здравствените права.

Мухареми Најла: Би сакала да ве прашам првично дали имате избрано матичен лекар и колку сте задоволна од него?

Санела:  Да, јас имам мој матичен лекар и можам да кажам дека некогаш сум задоволна од него ама некогаш не сум. Некогаш се случува да има многу гужва и ме прегледува набрзина зaшто нема многу време.

Мухареми Најла: Дали ви се случило некогаш да имате некаков проблем кога одите на лекар или недоразбирање со вашиот матичен лекар?

Санела: Па, еднаш ми се случи кога бев многу болна скоро 2 недели и му барав на матичниот да ми даде упат за специјалист, ама не ми даваше. Потоа дојде мојот маж и тој збореше со него дека сум многу болна и дека лековите што ми ги дава не ми помагаат, па откако маж ми настојуваше подолго време, тој ми даде упат. Кога отидов на специјалист ми откри дека сум имала запалење на плуќата, па морав да лежам после две недели во болница, и после тоа ми беше подобро.

Мухареми Најла: Кажете ми кога одите во болница дали таму се соочувате со некакви проблеми?

Санела: Па, некогаш имаме проблем кога треба нешто да се прегледаме во болница, сега има по ново „Мој термин“, па докторот ни кажува дека немаме одма термин и дека треба да чекаме. Еве на пример маж ми треба да прави сега компјутерско снимање на главата во болница, па ни закажаа после еден месец и сега треба да чекаме. Маж ми му рече на специјалистот да му даде упат за побрзо да се снима ама докторот ни кажа дека не може побрзо зашто нема термин за побрзо и сега мора да чекаме. А јас пак се плашам во меѓувреме да не му стане полошо на маж ми зашто во последно време има многу силни болки во главата.

Мухареми Најла: Покрај овие  проблеми  што ми го кажавте дали имате некој друг проблем  кога одите на лекар или кога барате некоја друга здравствена услуга?

Санела: Јас во Гостивар живеам во населба Циглана, а мојот лекар има ординација кај болницата и некогаш кога сум болна јас или мојот маж или децата, малку ми е далеку и морам да одам со такси на лекар, а да бидам искрена некогаш и немам пари за такси, тоа ми е некогаш мене проблем што живеам далеку од болницата и морам да одам со такси.

Мухареми Најла: На крајот би ве прашала според вас што би им порачала лично вие на лекарите?

Санела: Јас би сакала да им порачам дека некогаш кога одиме на лекар треба малку поубаво да не прегледуваат, да ни објаснуваат подобро кога сме болни зашто некогаш не ги разбираме кога ни кажуваат нешто за нашата болест.

Мухареми Најла

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »