Студенти Роми од Медицинскиот факултет даваат придонес во унапредувањето на здравјето на својата заедница
Невладината организација ИРИЗ од Скопје, во рамките на РХСП програмата, а во соработка со граѓанските организации СОНЦЕ од Тетово и КХАМ од Делчево отвори здравствени советувалишта во Скопје, Гостивар и Делчево.
Во канцелариите на овие три граѓански организации услугата „Здравствено советувалиште“ се нуди од страна на студенти Роми од Медицинскиот факултет.
Здравственото советувалиште има за цел превенција на болести и унапредување на здравјето на Ромите преку нудење на бесплатни здравствени совети во делот на здрав начин на живот, совети за исхрана, мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, како и давање на здравствени консултации.
Исто така, овие три организации веќе го спроведуваат проектот „Право на здравје и нудење на параправна помош на ромската популација“, во рамките на кој се нудат услуги во доменот на правата на пациентите.
Фотографии од Здравственото советувалиште во Гостивар