ХЕРА: ПРАВОТО НА ЗДРАВЈЕ МОРА ДА БИДЕ СТВАРНОСТ ЗА СИТЕ

Негативните стереотипи и предрасуди генерално во македонското општество создаваат простор за маргинализација на одредени групи кои поради социоекономскиот статус остануваат на работ на егзистенцијата. Во делот на здравството, од ХЕРА потенцираат дека прават обиди за менување на наративите кај здраствените работници кон маргинализираните групи обидувајќи се да ги надминат постоечките наративи кај двете страни.

Целта на проектот е во еден различен контекст да се воспостави соработка пациент и лекар со тоа што ќе има можност да се среќаваат и надвор од клиниките, со цел да се промени негативниот наратив со тоа што од ХЕРА потенцираат дека на тој начин би се унапредила соработката и довербата на релација пациент здравствен работник.

„Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции” е проект финансиран од Фондација Отворено општество Македонија којшто има за цел да ја подигне свеста кај здравствените работници во пристапот кон овозможување на здравствени услуги за ромската заедница во Република Северна Македонија. Дополнително, проектните активности се во насока на запознавање на Ромите со нивните права и обврски како пациенти, но и потсетување на правата, обврските и одговорностите на лекарите и на останатиот медицински персонал.

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »