Да ги менуваме работите во себе и во општеството со срце, љубов и страст

Отсекогаш сум сакал да водам и да превземам одговорност за да се унапредат одредени состојби во општеството. Затоа, веќе три години во улога на проектен менаџер во НВО „Ромаверзитас“ со многу љубов и страст целосно се посветувам на поддршка на личниот, академскиот и професионалниот развој на студентите Роми за нивни еднакви пристапи и можности во општеството, односно директно учествувам и помагам во процесот на градење на високообразовани млади Роми, кои во иднина ќе учествуваат во процесот на креирање и донесување на политики на локално и национално ниво.

Моето име е Силхан Саитов и во „Ромаверзитас“, заедно со тимот сме целосно посветени на проектните цели поврзани со:

  • зголемување на вклученоста и квалитетот во вклученоста на матурантите Роми во високото образование;
  • поддршка на студентите Роми при преминувањето во следен семестар, академски постигнувања, навремено дипломирање, личен и професионален развој;
  • формирање на мрежа на млади Роми и нивно учество, волонтеризам и активизам;
  • како и промовирање и зајакнување на ромскиот идентитет.

Верувам дека сите инвестиции на „Ромаверзитас“ насочени кон овие цели ќе придонесат за зголемување на бројот на високообразувани Роми, за зголемување на бројот на квалитетни и вешти млади во јавниот и приватниот сектор, и за нивно поголемо учество во процесот на креирање и донесување на политики на локално и национално ниво.

Во минатото, имав привилегија и можност да иницирам формирање на „Клуб на млади – Шуто Оризари“ при Црвениот крст на град Скопје бидејќи верував дека младите можат активно, независно и принципиелно да работат, за да постигнат, поттикнат и учествуваат во креирање на позитивни промени и развој во општината Шуто Оризари.

Во период од три години, заедно со тим од осуммина млади Роми од Шуто Оризари и околу педесетина волонтери, водени од мотото „Биди промената која сакаш да ја видиш“, бевме посветени на предизвикот „Клубот на млади – Шуто Оризари“ да прерасне во форма на организирање на млади кои доброволно и волонтерски планираат, организираат и реализираат активности за постигнување на позитивни промени и развој во општината Шуто Оризари.

Во улога на лидер во „Клуб на млади – Шуто Оризари“ имав одговорност и можност да ја промовирам, негувам и воспоставам визијата дека младите можат активно, независно и принципиелно да работат, за да постигнат, поттикнат и учествуваат во позитивни промени и развој во општината Шуто Оризари.

Учествував на ораторски настапи со темата „Од жртва до борец“ бидејќи верувам дека психологијата на борец е основната филозофија и стил на живот која прави и потикнува лични и општествени промени. Во улога на едукатор и обучувач имав можност да се посветам и придонесам за зајакнување на младите и ромската заедница за здравствени и младински теми, како и теми поврзани со застапувањето.

Во период од неколку години волонтирам, односно доброволно пренесувам знаења и вештини во корист на други лица, органи, организации, бидејќи волонтерството го сметам за вредност и доблест.

Досега, во улога на учесник, волонтер, иницијатор, активист, оратор, автор, едукатор, обучувач, младински лидер и менаџер секогаш и во сите улоги сум го давал својот максимум и сум бил максимално посветен.  Иницирам и сум активен граѓанин бидејќи сметам дека овие улоги се многу значајни за да ја направиме промената која сакаме да ја видиме.

Сметам дека е важно да преземеме лична одговорност за својата положба и за положбата на другите, во позициите, титулите и улогите да гледаме како на можност и одговорност. Ако секој ден со срце, со љубов и со страст го даваме својот максимум за нашето општество и заедница, тогаш, малку по малку, чекор по чекор, ќе почнете да ги менуваме работите во себе, во околината и во општеството во кое живееме.

 

Силхан Саитов,

НВО „Ромаверзитас“

 

 

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »