Добрите практики на НВО КХАМ – Делчево пристигнаа во Романија

Остварувањето на правото нa здравје е основно човеково право. Да се биде здрав значи семејството да се чувствува добро и со себе да се носи позитивна енергија. Оваа енергија преточена во безброј видеа репортажи и стории презентирани преку социјалните медиуми го привлече вниманието на граѓанскиот сектор во Романија. Токму заради тоа невладината организација „О Дел Аменца“ ја покани КХАМ од Делчево од 12-14 мај да биде нивни гостин во Букурешт. Целта на посетата беше да ги пренесеме нашите искуства во делот на нудење параправна помош и комуникацијата со здравствените професионалци. Нѐ пречека тимот на организаторите, кои едвај чекаа да дознаат како директно ја помагаме ромската заедница да биде охрабрена и зајакната да си ги бара своите права, без да ја наруши комуникацијата со здравствените институции.

Невладината организација „О Дел Аменца“ инсистираше на дискусија околу тоа како ги адресираме прашањата за  случаите на дискриминација во здравствениот систем. Видливо беше дека кај овој тип на случаи во Романија доминира тенденцијата за судска разврска. Поради тоа невладината организација КХАМ ги презентираше добрите практики на прaвното описменување и зајакнување на заедницата, како и улогата на организација и парправниците во мобилизацијата на истата. Координаторот на програмата го објасни поимот „параправник“, односно дека е тоа лице од заедницата кој не е ниту правник ниту лекар, но е лице кое едуцирано за постоечките закони од областа на правата на пациенти, правата од здравствено осигурување и правата од социјалната заштита. Проблемите кои се повторуваат се адресираат на Координативни средби со претставниците со институциите и на истите средби учествуваат и Роми лидери, кои зборуваат од име на заедницата. Параправникот Едвин Салиов детално ги презентира услугите ги дава параправникот како сервиси на заедницата и како изгледа еден работен ден на параправникот.

КХАМ своето обраќање пред присутните во Букурешт го заокружи со презентација на медиумската компонента од страна на Ромина Кајтазова, која даде исцрпна елаборација како ги користиме традиционалните медиуми, а како социјалните медиуми во мобилизација на заедницата и процесот на застапување кон донесувачите на одлуки. Всушност, медиумската компонента предизвика најголем интерес кај Романците, како иновативна алатка, и поставија многу прашања со цел да можат истата да ја искористат и во Романија. Интерес предизвикаа и добрите практики со внесувања на самите доктори во заедницата и подобрување на комуникацијата помеѓу заедницата и здравствените професионалци. Литигацијата во работата на КХАМ се користи како крајна алатка чија цел е да дојде до правда за лице кое му е прекршено здравствено право и истите грешки да не се повторуваат.

Работилницата која беше предвидена да биде за препознавање на дискриминација доби нов тек. Заеднички со помош на стручно лице се  работеше на заедничко идентификување на изворите кои водат кон предрасуди и стереотипи  и на секој предизвик се бараше соодветен одговор. Токму заради тоа се договоривме заеднички да ги адресираме предизвици кои се слични во Романија и Македонија и преку проект за мониторинг на реформите во јавната администрација, а со индикатори од базите на податоци да се застапува за промени и истите компаративно да се споредуваат. Двете страни се договорија како позитивни модели да продолжат со соработката бидејќи непроценливо е искуството, а добрите практики водат кон подобрувањето на здравјето на нашите целни групи.

 

Ромина Кајтазова

КХАМ – Делчево

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »