Главни приоритети како Министер ми се унапредување на здравствените и социјалните права на Ромите

Јас сум Аксел Ахмедовски, адвокат од Делчево и борец за човекови права,  прв претседател на НВО „КХАМ“ од  Делчево. Како адвокат работам од 2011-та година, а исто така најмногу сум препознатлив во давање на бесплатна правна помош на маргинализирани групи.

Активен сум во граѓанскиот сектор и се трудам да помогнам на секој човек што е во ризик. Јас не ги делам луѓето по етничка основа, но со сигурност и со аргументи можам да кажам дека токму ромската заедница е со најголеми животни предизвици пред сѐ во социјалната и здравствената сфера.

Неправдите кои во овие 11 години се случија на ромската заедница, како што е враќањето на Ромите од граничните премини и укинувањето на социјалната помош, водеа кон директна дискриминација насочена кон Ромите. Двете одлуки на претходната власт беа неуставни и претставуваа грубо кршење на Уставот за што до ден денес никој не одговара. Токму поради тоа, како претседател на Управниот одбор на „КХАМ“, со помош на петиција од страна на 400 оштетени граѓани Роми поднесов иницијатива за преиспитување на уставноста на член 37 став 1 точка 6 и член 38 став 4 од Законот за патни исправи на граѓаните на Р. Македонија. Токму овие одредби од законот им овозможуваа на граничните служби да ги враќаат Ромите од граница и тоа подржано со закон. Уставниот суд ја уважи иницијативата и донесе пресуда со која се укинуваат овие два члена. Иницијатор сум и за укинување на неуставната одлука на Министерството за труд и социјална политика за укинување на социјалната помош на повеќе од 1.500 семејства во најголем дел Роми.

Како член на Координативното тело за здравство при НВО „КХАМ“ многу научив за здравствените права и правата на пациентите. Увидов дека не постои усогласување помеѓу повеќе закони кои штетно влијаат на остварувања на здравствените права на граѓаните во ризик. Во повеќе наврати бев и ангажиран како адвокат за прекршени здравствени права на пациенти Роми со кои се донесоа позитивни одлуки за отштета на пациентите. Она што ми е посебно задоволство е што „КХАМ“ преку своите донатори ме има во неколку наврати ангажирано  за судско застапување и на Македонци за прекршени здравствени права, што значи дека нашиот пристап не е да дискриминираме туку да помагаме.

Оттука и мојата одлука да ја прифатам понудата да станам Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите. Позицијата ја прифаќам од причина што можам да дадам придонес во креирање позитивни законски решенија кои ќе ја унапредат положбата на ромската заедница. Со себе носам огромно искуство и знаење, но зад мене стои и силна екипа која ќе ми помогне по институционален пат да ги адресирам проблемите на Ромите и да понудам програми и законски решенија. Уште еднаш ќе нагласам главни приоритети ми се остварувања на здравствените и социјални права на Ромите.

За крај, на сите граѓани на Р. Македонија им ја честитам новата 2018 година и им посакувам  многу среќа, здравје и успех во истата.

Аксел Ахмедовски,

Министер без ресор за имплементација на Стратегијата за Ромите

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »