Легализација на имот – долгогодишен проблем на ромската заедница во Битола

Жителите од ромската етничка припадност во битолската населба Петочна вода живеат во супстандардни услови и со ограничен пристап до електрична енергија и вода. Еден од позначајните проблеми, кој се однесува на сопственоста на човекот врз неговиот имот, како основно човеково право, во оваа битолска населба е повредено и оневозможено, покрај поднесените барања за легализација.

Околу 70% од жителите на населбата Петочна вода немаат извршено легализација на своите домови, односно не поседуваат имотни листови, а со самото тоа им е ограничено и правото на вадење или обновување на своите лични карти.

Затоа Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“, во соработка со Европскиот центар за правата на Ромите и нивниот претставник Тефик Махмут презеде иницијатива и мерки за решавање на проблемот со легализацијата во оваа населба.

На 5-ти декември 2017 година се одржа средба во просториите на Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“, на која присуствуваа над 500 жители од населбата Петочна вода. На средбата се дискутираше за правото на сопственост како основно човеково право, проблематиката со легализацијата на куќите во оваа населба, дали жителите имаат поднесено барања за легализација, дали им е одговорено во законски разумен рок и дали се информирани до каде е нивната постапка за легализација.

Ставот на жителите од населбата Петочна вода во однос на овие прашања беше дека некои имаат поднесено барање за легализација, но чекаат и по 5 години за одговор. Друг дел од жителите одговорија дека им е негативно одговорено на барањето за легализација.

На самата средба со жителите од оваа населба беше потпишано барање за пристап до информации од јавен карактер на кое се потпишаа над 500 припадници на ромската заедница. Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“ е свесен за овој проблем на жителите од оваа населба и затоа целта на оваа средба беше да се отвори темата за легализацијата и да разменат ставови, искуства, мислења и консултација за идни мерки и активност со цел разгледување на проблемот со легализација и изнаоѓање решение за легализирање на домовите на жителите од населбата Петочна вода во Битола.

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »