Медиумите – сојузник во борбата против дискриминацијата
Во рамките на проектот за менување на негативните наративи за Ромите во здравствените институции, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, ХЕРА на 9-ти март 2018 год. во хотел „Порта“, Скопје одржа работилница за новинари и студенти по новинарство на тема „Предизвиците на истражувачкото новинарство во дигиталната ера“.
Еднодневната работилница беше наменета за новинари и студенти на завршни студии по новинарство и имаше за цел:
- Подобрување на знаењата и вештините за изработка на инклузивни и недискриминаторски стории во медиумите;
- Основи на истражувачко новинарство и користење на социјалните медиуми во креирање на успешна медиумска сторија;
- Сензибилизирање на новинари и стекнување напредни знаења за социо-културните карактеристики на Ромите и менување на негативните наративи за Ромите помеѓу општата популација и здравствените работници.
Предавачи на работилницата беа Боби Христов, уредник и новинар во ТВ Телма, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и Љатифе Шиковска, активистка од НВО „Амбрела“.
Покрај проширувањето на знаењата од областите кои беа опфатени со работилницата, студентите по новинарство имаа можност и да учествуваат во процесот на подготовка на истражувачки видео-прилог или статија, како последователна активност од работилницата.
Медиумите мора да се наш сојузник во борбата против дискриминацијата затоа што само заедно можеме да ги промениме нештата. Заедно да создадеме нови приказни во здравството!
Медиумите мора да се претворат во сојузник во борбата против дискриминацијата.
Медиумите мора да се претворат во сојузник во борбата против дискриминацијата.
Posted by Види Вака on Thursday, March 15, 2018