Новогодишната магија пристигна и во Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари

Во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари пристигна најубавиот период од годината. Време на најбараниот и најпосакуван Дедо Мраз да стопли многу детски срца. Во еден празничен дух и во моќта на овој период од годината, децата посакуваат да им бидат ислушани нивните приказни, состојбата во која се наоѓаат, а преку Новогодишната магија да им покажат добрини и да ги израдуваат, да доживеат радост, среќа и дружење, кои ќе придонесат за поубав свет и подобар живот.

По повод престојните Новогодишни празници, децата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари со неизмерна радост и нетрпение ги очекуваат овие волшебно топли денови, со надеж дека некоја нивна скромна желба или сон ќе им биде остварен. На детската радост им нема крај. Со очиња заблескани од радост, со широка насмевка и вредни рачиња ги цртаат нивните соништа, изработуваат честитки и ги украсуваат просториите на Дневниот центар. Читаме зимски приказни, ги учиме и ги пееме најубавите магични текстови за Дедо Мраз. Еве по некоја строфа од нив:

 

„Дедо Мраз, Дедо Мраз од далеку ни иде,

тој за Нова Година гостин ќе ни биде,

со санката јури,  низ снежните бури,

не го плашат него ни ветришта ни бури.

Пакетчиња, играчки тој на деца им носи

најсакан е меѓу нас, дедо, Дедо Мраз.“

 

Традиционално, како и секоја година на новогодишната елка ги оставаме нивните желби со порака до Дедо Мраз со надеж дека ќе бидат прочитани и остварени.

Еве дел од нивните искрени писма за кои мечтае Ѓулфидан, Бајрамша, Мерлина, Мемати, Медина, Амир, Енис, Имран…. за капче, шалче, ракавички, чизмички, чорапчиња, јакничка, топла соба и топло ќебенце, пакетче, храна, млеко, топка, кукла, автомобилче, велосипед, и многу други ситни нешта кои носат радост.

Важно ни е овие дечиња кои од повеќе причини не ја добиаат потребната грижа од своите блиски, да бидат дел, но и да ја осетат волшебната предпразнична магија.

Среќни празници од Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари!

 

Ирена Велковска,

Дневен центар за деца на улица – Шуто Оризари

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »