Повик за учество на работилница за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство

Во рамки на проектот за менување на негативните наративи за Ромите во здравствените институции, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, ХЕРА објавува повик за учество во работилница за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство на тема „Предизвиците на истражувачкото новинарство во дигиталната ера“.

Еднодневната работилница е наменета за новинар(к)и и студент(к)и на завршни студии по новинарство и има за цел:

  • Подобрување на знаењата и вештините за изработка на инклузивни и недискриминаторски стории во медиумите;
  • Основи на истражувачко новинарство и користење на социјалните медиуми во креирање на успешна медиумска сторија;
  • Сензибилизирање на новинари и стекнување напредни знаења за социо-културните карактеристики на Ромите и менување на негативните наративи за Ромите помеѓу општата популација и здравствените работници.

Предавачи на работилницата ќе бидат Боби Христов, уредник и новинар, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и Љатифе Шиковска, активистка од НВО „Амбрела“.

Покрај проширувањето на знаењата од областите кои ќе бидат опфатени со работилницата, студент(к)ите по новинарство ќе имаат можност и да учествуваат во процесот на подготовка на истражувачки видео-прилог или статија, како последователна активност од работилницата.

Работилницата за новинар(к)и и студент(к)и по новинарство ќе се одржи на 9 март 2018 (петок) во хотел „Порта“, (населба Аеродром, Скопје).

Учесниците и учесничките на работилницата потребно е да се:

  • новинар(к)и во медиум (радио, телевизија, весник/списание или веб-портал) или
  • студент(к)и на завршни студии по новинарство

Заинтересираните потребно е да испратат:

  • Кратка биографија и
  • Мотивациско писмо во кое ќе објаснат зошто сакаат да учествуваат во работилницата (најмногу 500 зборови)

Документите најдоцна до 5 март 2018 (понеделник) испратете ги по електронска пошта на: aleksandar.samardziev@hera.org.mk со назнака/предмет на пораката „Повик за работилница за новинари и студенти по новинарство“. Ве молиме наведете и телефон и е-пошта за контакт.

Бројот на учесници е ограничен, а избраните учесници и учеснички ќе бидат известени на 6 март 2018.

Организаторот ги покрива сите трошоци за работилницата освен патните трошоци за учесниците и учесничките кои доаѓаат од Скопје. Патните трошоци за учесниците и учесничките кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет.

За дополнителни информации контактирајте го Александар Самарџиев на 02/ 3290 395.

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »