Практиканството ме води кон повисоко ниво во здравството

Јас сум Барија Кајтазова од Делчево и сум студент на Факултетот за медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на катедрата – Медицински лаборант. Како студент на медицина имав можност да аплицирам за учество на обука за практиканство за студенти, кои што студираат на  Медицинските факултети во Република Македонија. Сакав да бидам избрана како практикант во мојата општина Делчево затоа што превентивно ќе можам да им помогнам на моите најблиски, а сите останати ќе можат подобро да ме запознаат и да ме вреднуваат. Превентивата е исклучително занчење затоа што на тој начин се спасуваат животи, а токму тоа им е потребно на поголем дел од пациентите Роми, затоа што нивната финансиска состојба не е добра и најчесто немаат пари за лекување.

До сега  редовно посетував пракса која беше обезбедена од страна на Факултетот за медицински науки во Штип, но исто така сум посетувала и летна пракса во Делчево, во одделот лабораторија каде имам стекнато многу нови и корисни знаења од мојата струка, лаборант. Но, и покрај тоа, јас би сакала да продолжам да го надградувам своето знаење и затоа се надевав дека ќе бидам една од  избраните практиканти и ќе имам можност да присуствувам на обуките од страна на лекарите каде ќе имам можност да се стекнам со практични вештини во работата со пациенти и давање здравствени совети.

Сега сум практикант и дел од здравственото советувалиште во Делчево. Јас на оваа пракса/обука освен што го мерам крвниот притисок и шеќерот на пациентите, исто така им давам совети на луѓето во врска со нивното здравје. Оваа пракса ме води кон едно повисоко ниво, бидејќи сега стекнувам повеќе пракса како медицински лаборант. Многу сум задоволна од искуството што го стекнувам во текот на оваа обука бидејќи квалитетот на моето знаење се подига на повисоко ниво. Сѐ уште сум студент и не сум дипломирала што значи сѐ уште го градам моето знаење, на пациентите им давам некои основни совети како можат подобро да ги превенираат ризиците за настанување на некое здравствено заболување и како треба правилно да ја користат терапијата. Сето тоа го правам под надзор на лекар, кој што работи веќе долги години и е искусен во својата струка. Таа обука се спроведува во општина Делчево, но исто така и во пехчевското село Црник.

Цели на ова практиканство за студенти кои студираат на медицинските факултети се:

  • да им обезбеди на студентите основно познавање  во областа на медицината,
  • студнетите да се стекнат со продлабочено знаење на научните теории, методологии и алатки, кои ја сочинуваат основата на здравството,
  • да го  оспособат студентот за индивидуално разбирање и справување со здравствените проблеми на луѓето.

Од првичните мои впечатоци стекнати во текот на досегашната обука, можам да искажам лично задоволство, од причина што истите се над моите претходни очекувања. Луѓето ме прифаќаат со огромно задоволство и многу ми е мило што ми веруваат. Колку само бабички ми рекоа „Фала ќерко, да си ми здрава и жива, ајде побргу заврши со факултетот оти ни требаш“. Посебно е драго чувството кога некој човек кој поминал многу низ животот ќе ти рече дека си потребен. Полека созревам и како здравствен професионалец, но пред сѐ како жена која со себе носи вредност што се вика хуманост. Наскоро ќе го заокружам образованието и знам дека во животот сум го избрала вистинскиот пат, пат кој ми носи иднина за себе, но и на луѓето од мојата заедница на кои сум им потребна.

 

Барија Кајтазова,

Студент по медицина 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »