Приказни од децата од Дневен центар за деца на улица – Шуто Оризари #1

„Во Дневниот центар за деца на улица почнав да доаѓам од 2008. Пред тоа молев за пари низ улиците со татко ми и моите браќа и сестра. Јас и сестра ми не сакавме да одиме ама бевме принудени од татко ми. Ноќта ја минуваме гладни, бидејќи не сме заслужиле да јадеме. Мајка ми и постариот брат често го поддржуваа татко ми.

Но, откако доаѓам во Центарот, конечно се чувствувам сигурна и заштитена. Тука во Центарот не сум сама. Јас сум овде со моите три браќа и две сестри. Наставничките ми помогнаа и ги спречија татко ми и мајка ми кога се обидоа да ме дадат за повозрасно лице. Понекогаш за време на викендите, кога ние не сме во Дневниот центар, татко ми повторно не принудува да просиме… да молиме за пари. Но, јас секогаш им кажувам на моите наставнички, а тие ги викаат на разговор.

Сега имам 16 години. Центарот за деца на улица ми помогна да се запишам на училиште, но и да бидам редовна. Поради возраста бев префрлена во вечерното основно училиште „Ас Макаренко“. Сега веќе знам да пишувам и читам. Сакам да цртам, бојам… да учам песнички. Многу сакам да се бањам, да мијам заби, бидејќи дома немам ниту струја ниту вода. Тука наставничките многу се грижат за мене, за сестрите и трите браќа. Имаме оброци, медицински прегледи, чиста облека. На училиште тие не испраќаат, но и дочекуваат. Ни помагаат во пишување на домашните задачи. Тие нам ни се сé и многу ги сакам. Навистина сум многу среќна тука. Тука израснав. Мислам дека и моите браќа и сестра истото го чувствуваат.“ – ни раскажа 16 годишната Р.Е.

 

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »