Работниот ден на еден параправник
Јас сум Елвис Ковачов и веќе неколку години работам како параправник во НВО КХАМ од Делчево. Како параправник и како лице од доверба во самата заедница се имам сретнато со секакви проблеми за кои ми биле потребни дваесет минути да се вратам на себе и да не покажам пред самата заедница дека навистина се наоѓаат во тешка состојба. Самите проблеми кои ги споделуваат луѓето со мене навистина се премногу чувствителни, па каков и човек да бидеш емоциите те обземаат и се ставаш во нивна позиција за да можеш да навистина да ја разбереш положбата во која се наоѓаат самите Роми.
Пред да започнам да го опишам работниот ден на еден параправник сакам да споделам дека работата на параправник е многу чувствителна и дека од проблемите со кои се среќава еден параправник не се едноставни. Сигурно многумина се прашауваат што е тоа параправник. Тоа е човек кој нема завршено правен факултет, но сепак тоа лице е обучено да дава правни услуги како изготвување на жалба, барања, приговори и сл.
Особено ми е чест и задоволство да работам со луѓе кои ми даваат слика како навистина изгледа животот во реалноста. Сакам да им помогам на Ромите кои се наоѓаат во тешка ситуација и заеднички да најдеме решение да добијат некави права кои ги следуваат, а не се информирани дека им следуваат или не знаат како да ги остварат.
Инаку, работниот ден ми започнува од 08.30 ч. во канцеларија каде што пред врата ме чекаат странки кои имаат сериозни проблеми и на кои им потребно помош. Откако ќе ме запознаат со ситуацијата за која бараат решение, јас им давам соодветни информации односно соодветна услуга за проблемот кој го имаат. Им помагам во изготвувањето на докумнети кои им се потребни, како на пример жалба, барања, приговори итн. Па дури и придружба до самите институции доколку е потребно.
По завршувањето со странките јас како параправник сум должен да извршам посети на терен односно влез во домаќинствата бидејќи некои од семејствата можеби не се во можност да дојдат до канцеларија или се во тешка здравствена положба за да го споделат нивниот проблем. По откривање на проблем на самите теренски посети им закажувам термин каде што нив ќе им одговара кој ден и во колку часот можат да дојдат до канцеларија и како информација им даваме доколку треба нешто итно да се направи за да не помине рокот во најбрзо време да се обратат во канцеларија. Исто така, сакам да истикнам дека луѓето покрај тоа што се во големи проблеми и се социјално-економски многу слаби, пречекот од нивна страна е начин на кој ќе се воодушевите бидејќи од она скормно кое го имаат, те нудат со сѐ што имаат дома, јадење, кафе итн.
На самата посета по сослушавањето за нивните проблеми исто така им даваме соодветни информации односно ги едуцираме за нивните здравствени права, социјални и човекови права кои според закон и устав ги поседуваат. Исто така, за време на посетите имам придружба од аниматори, тоа се препознатливи лица од заедницата и се дел од самата заедница со што ми обезбедуваат уште полесен влез во домаќинствата. Јас како парправник вршам три пати неделно посети на терен и два дена сум во канцеларија за прием на странки.
Како должност имам да организирам работилници каде што со помош на аниматорот ги повикувам луѓето од заедницата да присуствуваат на самите работилници. Понекогаш и ги модерирам самите работилници. Целта на работлниците е да ги ги инфомираме граѓаните за нивните права, за промените во законоти или превземање на граѓански иницијативи преку кои сакаме да направиме некоја промена во опшествотот, како на пример промена на законски акт и сл. На самите работилници исто така ги опфаќаме актуелните теми односно проблемите кои ги имаат самите луѓе со обезбедување на експерти во областа што им е потребна. На работлниците работиме на подиѓање на свеста највеќе кај ромското население, иако понекогаш присуствуваат и луѓе кои се од други нацоналности, како што се Турци и Македонци.
Во прилог сакам да ви напишам еден случај кој е решен позитивно: Преку овој сметам дека многу полесно ќе можете да ја разберете работата на еден парапрвник. Клиентот имаше проблем со тоа што нема никакви примања, а здравствента положба му беше влошена. Состојбата беше до тој степен влошена така што не можеше сам да излезе надвор и постојано лежеше во кревет. Клиентот мислел дека правото на социјална парична помош е единствевеното кое му следува, но по извршената посета на семејството дознавме дека не се доволни информирани за нивините права. На неговата сопурга и закажавме да не посети во канцелрија за да можеме да им ги подготвиме потребните документи односно да се изготви барање за користење на нега од друго лице. Потоа ја придружувавме до амбулантата за да закажеме преку „Мој термин“ за да можеме да извадиме конзилиарно мислење со цел да го оствари оваа право. По донесеното конзилиарно мислење им изготвивме барање за користиење на туѓа нега, бидејќи конзилиарното мислење беше позитвно. Исто така изготвената документација ја доставивме до ЈУМСЦСР Делчево. За краток период на семјството им стигна решение дека негата им е одоборена.
Позитивните решенија на случаите како овој ми даваат мотивација да продолжам да работам како параправник и колку што можам да им помагам на оние кои се во најзагрозена положба да дојдат до правата кои им следуваат, а со да им се подобри и квалитетот на живот. Сметам дека сите имаат право на достоинствен живот!
Елвис Ковачов,
Параправник
КХАМ – Делчево