Улогата на Центарот за социјална работа во надминување на проблемите на ромското население од Тетово

Центрите за социјална работа во Република Македонија се предуслов за унифицирано стандардно постапување во реализирањето на постапките кои се однесуваат на социјалната заштита, при давање на услуги кон разни видови корисници. Ромското население во Тетово е дел од корисниците кои се соочуваат со најразлични проблеми и центарот изнаоѓа начин за нивното решавање.

До Центарот за социјална работа во Тетово од страна на ромското население најмногу се адресираат барања кои се однесуваат на барање на решение околу проблемот на немање на егзистенција, односно одобрување на барањата за добивање на социјална парична помош. Меѓутоа, Центарот во решавањето на оваа проблематика се соочува со многу проблеми. Повеќето возрасни и децата немаат документација како што е извод од матичнтаа книга на родени, што дополнително го оневозможува нивниот пристап до добивање на здравствени и парична помош утврдена со закон. Од тие причини, ромските граѓански организации и информативните центри во Тетово го користат својот директен пристап до граѓаните со цел да ги упатат овие граѓани до Министерство за труд и социјална политика и другите  релевантни институции за помош при нивна регистрација и добивање на изводи од матичната книга на родените. Исто така, Центарот за социјална работа се соочува и со проблемот на питање, кој претставува еден од проблемите кои тешко може да се решат и елиминираат. Во оваа проблематика повеќето се деца, кои се жртви на питачење и заработувачката од питањето оди кај некој кому му е полесно да заработува на грбот на детето.

Од теренската работа се увидува дека најчести причини за питачењето се: сиромаштија во семејството, искорисување на деца од страна на родители и други лица, низок степен на образование и др. Како резултат на питачењето се јавуваат повеќе дополнителни проблеми и последици како што се: насилство на улица, нередовна исхрана, занемарување на училишните обврски на децата и ризик од сообраќајни незгоди на патишата. Центрите за социјална работа вложуваат многу напори за да овој проблем се намали, пред сѐ кај ромската популација, како најзагорзена. Намалувањето на бројот на случаите на питачење е во насока да им се помогне околу егзистенцијата, како и да се подигне свеста на родителите околу придобивките од вклучување на децата во образование, бидејќи повеќето од деца кои питачат не одат во училиште. Стручниот тим во состав од педагог, психолог и социјален работник се залагаат околу вклучување на децата во образование. Секоја учебна година стручните работници со голем напор, кои соработуваат со родителите околу убедување и советувањето, успеваат да поттикнат запишување на неколку ученици (деца на улица). Во текот на целата година, тие деца се следат од страна на стручниот тим и им се помага околу училишен прибор и облека.

За намалување на проблемот околу питачењето потребни е преземање на уште повеќе активности, но како најадекватни ќе ги спомнеме само неколку како: отворање на дневни центри за децата кои веќе се регистрирани како деца на улица, кои ќе нудат воспитно едукативни услуги, советувалишна работа со деца и членовите на нивни семејства. Во овие дневни центри ќе бидат вработени стручени лица кои ќе битат вклучени во некои активности кои ќе ги анимираарат, едуцираат и мотивираат децата од улица повеќе време да поминуваат во овие центри отколку на улица. Друго решение за намалување на проблемот е да се подигне свеста на родителите преку нивно вклучање во различни предавања за важноста на децата и нивните права. Покрај тоа, Центарот за социјална работа во соработка со приватни фирми да помогне во вработувањето на самохрани мајки други ранливи категории на граѓани. Само преку продлабочена соработка меѓу центрите за социјална работа и бизнис секторот може да да се намали невработеноста и да се помогне на оваа категорија на граѓани. Исто така, преку поголемо вклучување на релевантни институции и граѓански организации, кои работат со ранливи категории на граѓани, може дирекно да им се помогне на семејствата кои се во ризик.

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »