Завршен настан + Форум театар „Приказни од чекалната“
На 8, 9 и 10 април 2017 год. театарските сцени во Скопје, Делчево и Тетово беа претворени во големи чекални во кои проблемите со кои се соочуваат Ромите како пациенти во здравствениот систем, заеднички со публиката се обидувавме да ги решиме преку дискусија и актерска игра на сцена. Целта на форум театарот „Приказни од чекалната“ беше да се поттикне проактивноста кај граѓаните односно како од пасивни набљудувачи во секојдневниот живот да нè претвори во проактивни луѓе, кои ќе ја менуваат средината.
Настанот во Скопје, покрај премиерата на форум театарот, вклучуваше излагања на проф. д-р Елена Ќосевска (специјалист по социјална медицина), Љатифа Шиковска (активистка) и Марија Стефанова (психолог), како и проекција на кратки видеа кои се изработуваа во текот на проектот.