Искористеност на мерките од превентивните програми на Министерството за здравство

Погледнете колку од мерките од превентивните програми на Министерството за здравство имаат практична примена во пракса и колку од нив стигнуваат до оние кои се најзасегнати? Зошто Министерството за здравство годинава го скрати буџетот за превенција, а Ромите ги избриша од програмата за мајки деца?

Низ трновит пат до успешна животна приказна – Втор дел

Ви ја претставуваме успешната животна приказна на Бајса Арифовска. Таа е мултиинструменталист, свири на зурла, кавал, тапан, тарабука, кларинет, виолина, тамбура. Арифовска работела како професорка во скопското музичко улилиште „Илија Николовски Луј“, а денес е дел од оркестарот во Националниот ансамбл „Танец“, со кој патува низ светот и ја шири македонската традиционална музика, која вели е нејзин сон и реалност.

Како и каде до бесплатни здравствени услуги во Шуто Оризари?

Немате здравствено осигурување, немате матичен гинеколог, итно ви требаат прегледи и совет од дерматовенеролог, не знаете каде да се обратите за советување?

Вратите на Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари се широко отворени за сите од вас! Бесплатно, доверливо, анонимно – сѐ што ви треба како услуга за сексуално и репродуктивно здравје, ќе го добиете тука.

Повеќе »

Низ трновит пат до успешна животна приказна – Прв дел

„Ако сакате ништо да не работите, вљубете се во она што го работите” – вели една стара мудра мисла. А, дека во неа се крие најголемата животна вистина ни потврдуваат тројцата соговорници пред сè успешни Роми кои секој на свој начин успеал да го реализира својот животен сон.

Во првото видео од овој серијал, погледнете ја успешната животна приказна на Васка Бајрамовска Мустафа, Заменик народен правобранител, една од плејадата успешни жени Ромки, која милува да каже дека во животот нема лесен пат, а целиот напор се исплати само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле.

Студенти Роми од Медицинскиот факултет даваат придонес во унапредувањето на здравјето на својата заедница

Невладината организација ИРИЗ од Скопје, во рамките на РХСП програмата, а во соработка со граѓанските организации СОНЦЕ од Тетово и КХАМ од Делчево отвори здравствени советувалишта во Скопје, Гостивар и Делчево.

Во канцелариите на овие три граѓански организации услугата „Здравствено советувалиште“ се нуди од страна на студенти Роми од Медицинскиот факултет.

Повеќе »

Проблемите со кои се соочуваат Ромите за кои мора да зборуваме

Сиромаштијата е реалност за најголем дел од граѓаните на Шуто Оризари – ова се потврдува со видот на правни услуги кои клиентите ги побарале од сервисот „правна помош” на ХЕРА, во состав на Младинскиот центар „Сакам да знам”, лоциран во самата општина. Правата од социјална заштита, а особено паричните надоместоци (социјална парична помош и постојана парична помош) се најчеста причина граѓанинот од Шуто Оризари да се обрати за правен совет или преземање на конкретни дејствија во постапка за остварување или за задржување на овие права. За да се оствари здравствена заштита како примарна потреба на секој човек, основен предуслов е материјалното  зајакнување.

Повеќе »

Можеме ли да ја препознаеме и да се бориме против дискриминацијата врз Ром(к)ите?

Како е да се биде граѓанин од втор ред во сопствената земја? За тоа ќе треба да ги прашаме нашите сограѓани Роми. Ромите ја препознаваат дискриминацијата. Нееднаквото постапување е составен дел од нивното живеење. Добивањето здравствена заштита, преминувањето државна граница, пристапот до услуги од јавни и приватни лица итн. се предизвици речиси за секој граѓанин од ромска етничка припадност. Предрасудите кон Ром(к)ите се главната причина за различен третман во однос на третманот кој го добиваат граѓаните од било која друга етничка припадност во Р. Македонија. Стравот од повторно дискриминирање уште повеќе ги оддалечува Ром(к)ите од институциите кои одлучуваат за нивните права.

Повеќе »

Мобилна гинеколошка амбуланта – здравствените услуги мора да бидат достапни подеднакво за сите!

„Како гинеколог со двадесетгодишно работно искуство во Делчево можам да кажам дека мојата професија е одговорна професија и дека истата ме исполнува во целост. Секојдневно се среќавам со пациентите, но најмногу се радувам кога се среќавам со нив од превентивен карактер или пак кога се работи за жени кои се бремени. Не може да се опише чувството кога разговарате со брачен пар кои го планирале своето семејство и кои се интересираат за напредокот на својата рожба и ја следат бременоста“, д-р Лилјана Тричковска Повеќе »

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »