Стрип „Приказни од амбулантата“ #6
Добри вести! Нашата Анифе се породи и во моментов е сместена на породилното одделение. Во продолжение е 6-от дел од нејзината приказна…
Добри вести! Нашата Анифе се породи и во моментов е сместена на породилното одделение. Во продолжение е 6-от дел од нејзината приказна…
Погледнете колку од мерките од превентивните програми на Министерството за здравство имаат практична примена во пракса и колку од нив стигнуваат до оние кои се најзасегнати? Зошто Министерството за здравство годинава го скрати буџетот за превенција, а Ромите ги избриша од програмата за мајки деца?
Ви ја претставуваме успешната животна приказна на Бајса Арифовска. Таа е мултиинструменталист, свири на зурла, кавал, тапан, тарабука, кларинет, виолина, тамбура. Арифовска работела како професорка во скопското музичко улилиште „Илија Николовски Луј“, а денес е дел од оркестарот во Националниот ансамбл „Танец“, со кој патува низ светот и ја шири македонската традиционална музика, која вели е нејзин сон и реалност.
Немате здравствено осигурување, немате матичен гинеколог, итно ви требаат прегледи и совет од дерматовенеролог, не знаете каде да се обратите за советување?
Вратите на Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари се широко отворени за сите од вас! Бесплатно, доверливо, анонимно – сѐ што ви треба како услуга за сексуално и репродуктивно здравје, ќе го добиете тука.
„Ако сакате ништо да не работите, вљубете се во она што го работите” – вели една стара мудра мисла. А, дека во неа се крие најголемата животна вистина ни потврдуваат тројцата соговорници пред сè успешни Роми кои секој на свој начин успеал да го реализира својот животен сон.
Во првото видео од овој серијал, погледнете ја успешната животна приказна на Васка Бајрамовска Мустафа, Заменик народен правобранител, една од плејадата успешни жени Ромки, која милува да каже дека во животот нема лесен пат, а целиот напор се исплати само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле.
Невладината организација ИРИЗ од Скопје, во рамките на РХСП програмата, а во соработка со граѓанските организации СОНЦЕ од Тетово и КХАМ од Делчево отвори здравствени советувалишта во Скопје, Гостивар и Делчево.
Во канцелариите на овие три граѓански организации услугата „Здравствено советувалиште“ се нуди од страна на студенти Роми од Медицинскиот факултет.
Сиромаштијата е реалност за најголем дел од граѓаните на Шуто Оризари – ова се потврдува со видот на правни услуги кои клиентите ги побарале од сервисот „правна помош” на ХЕРА, во состав на Младинскиот центар „Сакам да знам”, лоциран во самата општина. Правата од социјална заштита, а особено паричните надоместоци (социјална парична помош и постојана парична помош) се најчеста причина граѓанинот од Шуто Оризари да се обрати за правен совет или преземање на конкретни дејствија во постапка за остварување или за задржување на овие права. За да се оствари здравствена заштита како примарна потреба на секој човек, основен предуслов е материјалното зајакнување.
Паника во ординацијата на д-р Кренар! Погледнете што ново ја очекува Анифе во најновото продолжение од „Приказни од амбулантата“
Како е да се биде граѓанин од втор ред во сопствената земја? За тоа ќе треба да ги прашаме нашите сограѓани Роми. Ромите ја препознаваат дискриминацијата. Нееднаквото постапување е составен дел од нивното живеење. Добивањето здравствена заштита, преминувањето државна граница, пристапот до услуги од јавни и приватни лица итн. се предизвици речиси за секој граѓанин од ромска етничка припадност. Предрасудите кон Ром(к)ите се главната причина за различен третман во однос на третманот кој го добиваат граѓаните од било која друга етничка припадност во Р. Македонија. Стравот од повторно дискриминирање уште повеќе ги оддалечува Ром(к)ите од институциите кои одлучуваат за нивните права.
„Како гинеколог со двадесетгодишно работно искуство во Делчево можам да кажам дека мојата професија е одговорна професија и дека истата ме исполнува во целост. Секојдневно се среќавам со пациентите, но најмногу се радувам кога се среќавам со нив од превентивен карактер или пак кога се работи за жени кои се бремени. Не може да се опише чувството кога разговарате со брачен пар кои го планирале своето семејство и кои се интересираат за напредокот на својата рожба и ја следат бременоста“, д-р Лилјана Тричковска Повеќе »
Санела Емин е една од малкуте дипломирани актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »