Стрип „Приказни од амбулантата“ #4

Приказната за Анифе продложува… Што се случи откако Анифе доби упат итно да направи дополнителни лабораториски испитувања, погледнете во стрип бр. 4

Нема поголема награда кога од очите на луѓето излегува благодарност

Веќе 45 години сум алка во здравствениот систем и белиот мантил го чувствувам како дел од мојата личност. Љубовта кон медицината, хуманоста и желбата да се помага ја носам со себе уште како дете, кога си играв докторка со моите врсници, дружење во кое никогаш не се делевме по ниту една основа. Заедно јадевме лепчиња со миризливиот ајвар и имавме заеднички соништа да пораснеме и да бидеме важни и корисни луѓе. Некогаш заедно јадевме во дворот кај тетка Џелјана, друг пат кај моите и така заедно растевме и созревавме. Од дете сум воспитана да ги сакам и почитувам сите луѓе подеднакво и истите да ги ценам по тоа колку се трудољубиви, а не по тоа што имаат зад себе или пак што се по националност.

Повеќе »

Стрип „Приказни од амбулантата“ #3

Анифе е во посета на новиот матичен гинеколог, д-р Кренар. Какви новости ја очекуваат Анифе, погледнете во третиот стрип од „Приказни од амбулантата“…

strip3-webpage-format

Ромски здравствени медијатори – линк меѓу здравствениот систем и ромската популација

rzm-cropСпоред пописот во 2002 година, во Република Македонија живеат 53.879 припадници на ромската етничка заедница. Меѓутоа, според други студии кои се базираат на различни истражувачки техники, се укажува дека реалната бројка на ромското население е поголема, односно дека во Република Македонија живеат приближно од 80.000 до 135.000 Роми. Во однос на здравствената состојба на Ромите, низата на истражувања покажаа дека и оваа етничка заедница како и сите останати се соочуваат со исти хронични и малигни заболувања.

Повеќе »

Новинарите прашуваат како до подобри практики

Новинарите истражуваат дали има дискриминација од страна на здравствените работници кон Ромите како пациенти и што е она што треба да се преземе за подобри практики во здравството. Свои препораки и одговори на овие прашања ни дава проф. д-р Елизабета Зисовска, директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

На терен со делчевските аниматори и фасилитатори

14939464_1151323488321555_6535787835883885617_oПравото на здравје и здравствена заштита не смее да биде привилегија само на одредена група на граѓани. Од досегашното функционирање на здравствената програма на НВО КХАМ од Делчево како главни бариери на ромската заедница во пристапот до здравствените услуги се посочуваат неинформираноста, ниското ниво на образование  и лошата социо-економска состојба на самата заедница. Сето ова бара дополнителен теренски ангажман сѐ со цел заедницата дополнително да се зајакне и мобилизира. Токму од тие причини, на терен во Делчево, Виница и село Црник активни се обучени аниматори и фасилитатори.

Повеќе »

Искуството на Санела – пациентка од Гостивар

_mnd4839Параправникот Мухареми Најла од НВО „Сонце“ од Гостивар направи кратко интервју со Санела, која е од ромска етничка припадност, во врска со нејзиното задоволство од третманот кај матичниот лекар и другите здравствени институции, како и предизвиците со кои таа се соочува при остварувањето на здравствените права.

Повеќе »

Граѓаните го прашуваат ФЗОМ

Не знаете како да извадите здравствена книшка? Каде да се обратите ако ви наплаќаат за услуги кои се бесплатни? Како да ви ги вратат средствата за купени ортопедски помагала? Што може да добиете во пунктовите на ФЗОМ?

Одговорите на овие и други прашања во врска со остварувањето на здравствените права ни ги дава директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, д-р Сашо Стефаноски.

Искуствата на д-р Владимир Нанчевски – вработен во Ургентен центар Гостивар

doctor-2Јас д-р Владимир Нанчевски сум вработен во Ургентниот центар во ЈЗУ „Ферид Мурад“ во Гостивар веќе 4 години и можам да кажам дека како и на секој лекар, па така и мене, задоволство ми е кога се грижам за здравјето на луѓето.

Да се работи како лекар е навистина големо задоволство, но од друга страна нашата работа е навистина доста одговорна и стресна бидејќи секојдневно се среќаваме со пациенти кои се соочуваат со најразлични здравствени проблеми. Повеќе »

Стрип „Приказни од амбулантата“ #2

Уште една епизода од приказната на Анифе низ амбулантските ходници. Што ќе се случи овојпат, видете во вториот стрип од серијата за Анифе и д-р Здравко…

strip-2-webpage-format

Актуелно

Санела Емин: Театарот може да ги руши или да ги засили стереотипите

Санела Емин е една од малкуте дипломирани  актерки Ромки. Високото образование го завршува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има бројни претстави во кои имала главни улоги.„Откако го завршив факултетот, имав значајни улоги меѓу кои и драмата „Бегалка“ која ја опишува приказната во која девојката не ја почитува волјата на својот татко и наместо да се омажи за човекот кој ѝ го избра семејството, таа решава да побегне со момчето што таа го сака”, – вели актерката Санела. Повеќе »